ФОКУС НА ДЕНОТ: Сведок кажа кои функционери го посетувале Боки, се исцртуваат контурите на техничката Влада
Куќната помошничка на Бојан Јовановски денеска како сведок на судското рочиште за случајот „Рекет“ ги најбројуваше видните гости кои ги затекнала како престојувале кај првообвинетиот во неговиот стан..
Драгана К. наведе дека во станот на Боки 13 доаѓале вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, и актуелниот пратеник и поранешен генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, како и министерот за здравство Венко Филипче.
Таа додаде дека во домот на Јовановски ги гледала поранешната специјална обвинителка и сега обвинетата Катица Јанева, бизнисменот Јордан Камчев, кој е оштетен сведок во овој предмет, како и Зоран Милевски Кичеец, кој веќе е осуден на казна затвор во „Рекет“.
Поранешниот новинар на 1ТВ, Христијан Баневски, денеска како повикан сведок на судското рочиште за случајот „Рекет“ рече дека неформалниот сосптвеник на телевизијата, првообвинетиот Бојан Јовановски, го терал да прави прилози за минерална вода кои потоа никогаш не се објавиле, ниту пак биле подготвени.
Ова сведоичење алудира на тоа дека Боки 13 имал намера со овие прилози да изнудува пари од обвинет за „Поштенска банка“ како предмет на поранешното СЈО.
„Бараше од мене да правам најава за испитување на квалитет на сите флаширани водаи и дека ќе ги објавиме резултатите. Целта беше да укажеме дека некој вода од чешма ја пакува и ја препродава. Иако јас ја најавив, таа никогаш не беше објавено. Боки бараше од мене да го најавувам по неколку пати. После извесен период Пелистерка стана главен спонзор во 1ТВ“, рече Баневски.
Премиер во техничката Влада ќе биде министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, дознава Фактор.
Претходно за оваа позиција се споменуваше неговото, но и името на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
Во новата техничка Влада, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска доаѓа на местото на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.Пресудата на кривичниот суд за случајот „Тарифа“ на СЈО за екс-генералниот директор на ЕЛЕМ Дејан Бошковски и уште двајца ресорни директори Методиј Стојменовски и Ненад Ѓорѓовски за злоупотреба на службената положба им донесе првостепена казна затвор во траење од три години на секој од нив.
На оштетениот АД ЕСМ треба да му ја надоместат штетата.Бошковски го потпишал договорот, додека Стојменовски и Ѓорѓовски го координирале проектот. Тие се осудени затоа што со четири надоместоци на годишно ниво му се исплатени со недозволиви средства на конзорциумот за имплементирање на „ЕРП системот“.
Градежната компанија „Динев констракшн ДОЕЛ“, е фирмата чие возило BMW 7 утрово осамна целосно изгорено на паркингот на шопинг-центарот и катна гаража „Зебра“ во скопската населба Капиштец во центарот на Скопје, дознава Фактор од свои извори.Во 2021 година буџетот ќе ја „пробие“ психолошката граница од четири милијарди ева, или прецизно, буџетските расходи за таа година ќе бидат на ниво од 4,055 милијарди евра. Уште повисок, пак буџетот треба да биде во 2022 година, или конкретно 4,233 милијарди евра.
Хрватите плаќаат по 50 евра за да им се донесе работник плус од Македонија, раскажуваат нашинците кои работат во оваа балканска земја.
Македонија со нешто повеќе од 1,6 милиони долари ќе го зголеми својот капитал во Светската Банка со владина одлука да се купат дополнителни акции во Светска банка, а ова засега недоисполнето учество на земјата и е обврска уште од нејзиното осамостојување.
Во период од пократок од 2 години во повеќе наврати, стратешки и тактички, „Адора Инженеринг“ стана најголем поединечен акционер во најголемата деловна банка во земјава. Уште еден силен сигнал за инвеститорите и трејдерите на берза: „Адора Инженеринг“ пред Нова Година вложи уште четврт милион евра во акции на „Комерцијална банка“
Самиот е еден од најпознатите македонски бизнисмени, уште попозната е фирмата со која раководи. Витаминка и во 2019 година го зголеми пазарното учество и ја зголеми продажбата.
Своите кредитни картички Македонците најмногу ги „празнеле“ во Унгарија, покажуваат податоците на Народна банка на Македонија.
Кој според вас е бизнисмен на годината. Во следните денови читателите на Фактор ќе имаат можност да гласаат за еден од номинираните пет бизнисмени во анкетата на медиумот. Опцијата за гласање ќе ја имате под секој отворен текст.
