Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Стојановска во Мадрид резервирала апартман и подигнувала пари, нападнат Борис Мутков

ФОКУС НА ДЕНОТ: Стојановска во Мадрид резервирала апартман и подигнувала пари, нападнат Борис Мутков

Силвија Спасовска, актерката која е во куќен притвор по меѓународната полициска акција „Кокаин“, одела на два пати во Мадрид и при тоа еднаш да резервира апартман за братот на нејзиниот осомничен сопруг Војислав Будисављевиќ и еднаш за да подигне 10.000 евра, потврди денеска Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи.

Стојановска и Будисављевиќ минатата недела беа уапсени откако во Шпанија беше запленет кокаин пд 700 килограми, а сопругот на актерката доби 30-дневен притвор. МВР поднесе кривична пријава против Силвија и нејзиниот сопруг за производство за производство и дистрибуција на наркотични средства

- На 18 декември заедно со полициските служби на Шпанија и Колумбија, а во кординација на САД е разбиен обид за продажба на 700 килограми кокаин со цена од 20 милиони евра при продажба на големо. МВР во периодот јули-декември 2019 во координација со јавен обвинител превзеде низа на мерки и активности за следење на двајца македонски државјани. Остваривме низа координирани состаноци во Скопје и Мадрид. Вмешани се и криминални соработници од Македонија, Шпанија и Колумбија, рече Спасовски.

Нападот врз Мутков е пресметка на криминални групи, тврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Според првичните информации на полицијата кон Борис Мутков било пукано вчера со автоматско оружје додека се возел со својот автомобил марка “мерцедес” во скопската населба Бардовци.

„Тоа се луѓе познати на јавноста по криминални активности. Но, оставам истрагата да покаже и да ги утврди сите факти и да се види дали има поврзност помеѓу групите, настаните“,  одговори Спасовски на новинарско прашање дали има првични сознанија, дали тој напад има врска со нападот што се случи претходно во хотелот Александар Палас во Скопје, нагласувајќи дека Мутков е виден и во Собранието на 27 април.

Миле Јанакиески, обвинет во случајот ТНТ, бара постапката да не се раздвојува, а судењето да продолжи за него, Никола Груевски и Елизабета Најдовска. На обвинителот Рустеми му порача дека ако Обвинителството сака да му ја скине главата, односно само тој да одговара, тогаш да го направи тоа.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, потврди дека припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“ повеќе нема да постои..

Тие веќе се прераспоредени во Единицата за јавен ред и мир со седиште во касарната „Ѓорче Петров“, со што практично „алфите“ престанаа да постојат.

Ванеса Алава која живее во Мадрид, вели дека иако шпанската престолнина е во топ 10 најчисти градови во светот, граѓаните сепак не се задоволни од квалитетот на воздухот.

Таа осум пати ја посетила Македонија, по професија е туристички водич,  и вели дека Скопје личи  на „длабока дупка“. 

Интересно е како се развиваше приказната за КНАУФ, фактот дека на нејзиниот почеток во 1994 година канцеларијата имаше само двајца вработени. Соодветниот старт на компанијата, енергичниот напредок и имплементираната стратегија за ширење на регионално ниво, не донесе до четирикратно зголемување на пазарот. 

И натаму со владини одлуки се вадат стотици книги од магацинот на Министерството за образование и наука од проектот „Превод на 1050 стручни и научни наслови“ кои се испечатија во 2008 и 2009 за околу 20 милиони евра и се уште некои не се ниту еднаш употребени, иако чинат и повеќе од 200 евра по парче.

Гевгелија има три од најголемите пет стоматолошки ординации. Во тој мал град на јужната граница очигледно цвета стоматолошкиот бизнис зашто има многу пациенти од соседна Грција кои идат заради меката рака и ниските цени на гевгелиските заболекари. 

Поминаа четири работни дена откако Загребската берза купи 5,3 отсто од Македонската берза, но да беа и десет пати по толку секако јавноста ќе дознае кој ги продал акциите дури следната година кога ќе станат јавни финансиските извештаи за работењето на берзата за годинава или за половина година од сега. 

Заев беше прв кој се наоштри за предвремените парламентарни избори на бината во најголемата спортска сала во Скопје, загревајќи го гласот за серијата митинзи кои му претстојат, обидувајќи се да го електризира гласачкото тело. 

Слично

Поврзани вести