Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Станавме Севернa Maкедонија, Скопје-Блаце го чека тендерот, ВМРО ДПМНЕ сака избори

ФОКУС НА ДЕНОТ: Станавме Севернa Maкедонија, Скопје-Блаце го чека тендерот, ВМРО ДПМНЕ сака избори

Честитки од сите страни откако Македонското Собрание даде зелено светло за името Северна Македонија.

Столтенберг му честита на Заев

81 пратеник беа доволни за 2/3 мнозинство со кое Македонија го исполни својот дел од договорот од Преспа. На ред сега е јужниот сосед каде денес во посета беше канцеларката Меркел.

Пред Собранието пак се уште трае протестот. 

Од друга страна по целодневен молк ВМРО ДПМНЕ на Извршен реши да бара нови парламентарни избори.  

Лидерот Мицкоски побара веднаш распуштање на Собранието а народот ќе изберел каква држава сакал.

И медиумите од регионот ја пренесуваат веста дека Македонија ќе го промени името.

Во вториот квартал годинава според најавите ќе стартува изградбата на првата делница од автопатот Скопје-Блаце.

Тендерот ќе се објави наредниот месец а според  надлежните наместо два ипол часа од Скопје до Приштина ќе се стигнува за 45 минути.

За што земаат плати во зимскиот период вработените 777 лица во „Македонијапат“?

„Македонијапат“ деновиве е актуелна во домашната јавноста затоа што на тендер на кој немаше конкуренција меѓу понудувачи на две фирми додели одржување на државните патишта во зимски услови и за тоа за стотина дена услуги ќе плати 1,56 милиони евра. државна компанија која на крајот на јуни годинава должи 15,66 милиони евра. Таа државна компанија на крајот на првото полугодие годинава имала 777 вработени и за првите два квартали лани исплатила бруто плати од 2,29 милиони евра. Деталиве на оваа тема читајте ги тука.

Слично

Поврзани вести