Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Соседството се тресе, Албанија живее тешки денови, Фетаи го кажа ставот за бонусите

ФОКУС НА ДЕНОТ: Соседството се тресе, Албанија живее тешки денови, Фетаи го кажа ставот за бонусите

Поради земјотресот во Грција, превентивно се затворени училиштата на Китира и во една општина на Крит. 

Вакви мерки се преземаат по земјотресот од 6.1 степен што утрово е регистриран во морскиот дел меѓу двата острови, јави дописничката на МИА од Атина.

Македонија испрати спасувачки тимови кои ќе им помагаат на албанските екипи а пред малку скопскиот градоначалник преку социјалните медиуми информираше дека скопски екипи во моментов се во спасувачка акција.

Џелал Цакони во земјотресот кој ја погоди Албанија, изгубил седум члена од семејството. 

Во интервју за News24, тој раскажа дека неговите блиски знаеле дека зградата не е добра за живеење, но немале каде да одат.

„Загубив многу блиски роднини. Ова овде е многу голема трагедија. Срушени се четири или пет згради и не знаеме кога сѐ ќе заврши. Има луѓе под рушевините, а истото се случува и во Драч и Тирана. Не знаме каков ќе биде крајот“ – изјави Џелал.

Земјата се тресеше додека косовскиот претседател Хашим Тачи даваше изјава во Албанија, во местата погодени од земјотресот. 

Платата на обвинителите во СЈО која како институција да гони најтежок криминал делумно заради самата природа на кривичните дела, делумно заради субјектите кои учествуваат во нив и тоа во најтешкиот период во државата изнесуваше 1300 евра, односно беше за 300 евра повисока од платата која ја примаа обвинителите во другите обвинителства, истакна обвинителката Фатиме Фетаи додавајќи дека за таа плата обвинителите од СЈО постапувале пред Основните, Апелационите и пред Врховниот суд.

По однос на надоместоците, како што образложи обвинителката Фетаи, тоа се истите оние надоместоци за кои се зборуваше уште од почетокот на формирањето на СЈО.

Поради контролни прегледи првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски е хоспитализиран во Градската општа болница „8-ми Септември“ .

Ова го соопштија од болницата од каде информираат дека Бојан е хоспитализиран поради спроведување контролни прегледи по медицина базирана на докази.

Обвинетата Ангела Ѓорѓиевска не се чувствува виновна за убиството на Пино Секондо. 

„Разбрав за што сум обвинета. Не се чувствувам виновна за кривичното дело, бидејќи ништо од наведеното во обвинението не сум сторила, рече Ѓорѓиевска денеска во судницата.

Според нејзиниот адвокат, Еленко Миланов, таа е обвинета без ниту еден доказ. Тој смета дека ќе биде докажано оти Ангела немала ништо со убиството на Пино.

Примислав Димовски, командантот на полициската единица алфи, кој се најде на списокот на лица ангажирани од СЈО, на кои им се исплатени хонорари кажа дека е подготвен да го врати, секој денар кој не го заработил. 

Вели дека никогаш не останал глув на повикот на јавноста, па нема ни овојпат. 

Каква ќе биде судбината на мобилната лабораторија за испитување на квалитетот на течните горива односно на нафтата и нафтените деривати. Иако беше набавена и промовирана во јуни годинава таа се уште не е во функција затоа што не беше акредитирана.

Пред неколку месеци, или конкретно на крајот на јули, албанскиот претседател Илир Мета, предупреди дека според негови информации и консултации со сеизмолози од регионот, можно е регионот да го зафати голем земјотрес. 

„Адора Инженеринг“ продолжи да го окрупнува своето учество во акционерската структура на „Комерцијална банка“. За пократко од еден месец во два наврати оваа компанија вложи над 1,9 милиони евра во акции на најголемата домашна банка и сега поседува 11,11 отсто од акциите со право на глас.

Многу пати свекорот сакаше да ме тепа, ми велеше дека ќе ми ја скрши главата, а кога јас го карав моето дете, тој влегуваше во соба и ме пцуеше, раскажува млада мајка на две малолетни деца од Куманово, која сакаше да остане анонимна за да не бидат стигматизирани нејзините деца.

Дијалогот деновиве се сведе на клетви и пцости... насилството врз неистомислениците почнува со закани, но завршува со физички напади, подметнати пожари. Фашизмот е на прагот - вели режисерот Владимир Милчин.

Слично

Поврзани вести