Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Силјановска и Пендаровски на дуел ги одмерија силите, албанското знаме ја бранува јавноста

ФОКУС НА ДЕНОТ: Силјановска и Пендаровски на дуел ги одмерија силите, албанското знаме ја бранува јавноста

Во Само вистина на Канал 5 вечерва кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски не негираше дека можеби тој ја платил цената за незадоволството кај народот и додаде дека има градоначалници кои не ги реализирале ветувањата кои ги дале на локално ниво. 

Кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова вели дека очекувале „правна метла“, и за премиерот Зоран Заев додаде дека се „саморазрешил“ или се „самоизметел“ од Советот за реформи во судството. 

Таа изјави дека во Штип се видела со претставници на Бојкотирам и дека застанел зад неа.

Kандидатот за претседател од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски  изјави дека во Македонија има напредок и тоа е препознаено од еврокомесарот Јоханес Хан, но и од Рајнхард Прибе. 

Смета дека во делот на правдата направени се огромни исчекори, и вели дека ќе направат напори СЈО да продолжи со работа. 

Неговата противкандидатка, Гордана Силјановска вели дека никакви реформи во судството нема, има само актерство, импровизации. Таа спомена дека деновиве имавме можност да слушнеме изјави од челници од Франција на оваа тема. 

„Почетокот на преговорите го нема, затоа што нема реформи“, вели Силјановска. 

Пендаровски кажа дека Силјановска не го осудила прислушувањето, бегството на екс премиерот Никола Груевски, ниту амнестијата за 27 април. 

Се знае кога се користи знаме на етничка заедница и во какви околности, со кои димензии една третина, две третини и си има обележје како тоа се користи, изјави премиерот Зоран Заев,  по изјавата на вицепремиерот Бујар Османи дека законот дозволува поставување албанско знаме насекаде, откако косовски граѓанин го постави на Самоиловата тврдина во Охрид. 

Заев вели дека законите се јасни и треба да се почитуваат. 

„Постојат закони и толку години зборуваме како се користи знамето и треба да се научиме дека треба да се почитуваат законите комплетно“, вели Заев.

МВР имаше експресна реакција и го казни поставувачот на знамето со парична казна од 1.100 евра. Играорецот е депортиран и има забрана за влез во Македонија од 5 години. Сепак Османи смета дека во поставувањето на албанското знаме немало ништо спорно. 

Слично

Поврзани вести