ФОКУС НА ДЕНОТ: Силивија Стојановска заврши во куќен притвор, во Чаир таксист прегази три девојчиња
Куќен притвор во траење од 30 дена вечерва е определен за актерката Силвија Стојановска, отако претходно таа беше спроведена пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.
Покрај неа, пред судија на претходна постапка беше изведено уште едно лице за кое по барање на Обвинителството му е определен притвор.
„Пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доцна попладнево беа спроведени две лица со предлог на Обвинителството за определување мерки за обезбедување присуство. По ценење на фактите и доказите, судија на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и на С.С. и определи мерка „куќен притвор“, а на В.Б. му определи мерка притвор за двајцата во траење од 30 дена“, информираат од Кривичниот суд за МИА.
Актерката Јана Стојановска вели дека се работи за недоразбирање, откако нејзината мајка, познатата актерка Силвија Стојановска е приведена поради наводен шверц на кокаин.
Таксист претпладнето денеска во Чаир удри во три ученички на 10 метри од пешачкиот премин на булеварот Христијан Тодоровски Карпош.
Сител пренесува дека девојчињата биле на возраст од околу 12 и 13 години и дека се пренесени со брза помош во болница. Булеварот Христијан Тодоровски Карпош е затворен за сообраќај во еден правец.
На барање на адвокатите определени по службена должност, се одложи првостепената пресуда за случајот „ТНТ“, односно за рушењето на „Космос“, која беше најавено дека ќе се донесе денес. Судечкиот совет го одложи судењето за утре, бидејќи адвокати определени по службена должност немале време да се подготват за предметот.
Адвокатката Иванка Јакимовска која беше поставена да го брани поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, како еден од обвинетите, побара судењето да се одложи бидејќи според неа, некоректно е да брани клиент, а да не го знае предметот. Судот го прифати барањето и утре одбрана треба да даде обвинетиот Миле Јанакиески. Судењето продолжува утре во 9,30 часот.
Tри лица кои со жилет сечеле битолчанец и изнудувале пари од неговите родители, добија притвор од 30 дена.
Тие во периодот од 13.12.2019 до 15.12.2019, заедно договорени, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, со употреба на сила кон едно лице од Битола ги присилиле неговите родители да им дадат паричен износ од 1.600 евра. Тие го држеле оштетениот затворен во стан во скопската општина Аеродром, го тепале со тупаници и предмети по главата и телото, го сечеле со жилет по грбот, па потоа му турале сол и парфем на раните.
Владата сериозно ги сфатила критиките од бизнисмените. Така барем тврдат откако слушнаа дека близу 40 проценти од фирмите во земјава сметаат дека бизнис климата е влошена во однос на претходно. Владата постојано уверува дека ги подобрува условите за водење бизнис, но многу значаен процент од компаниите не мислат така.Сеидбата на ориз без вода веќе е реалност во селото Чешиново.
Ова се применува во многу земји во светот, но кај нас е релативно ново.
Граѓанските организации, активисти и здруженија овој пат обединети под "Зелен фронт" повторно ќе излезат на улиците утре од 17 часот и преку марш ќе побараат исполнување на дадените ветувања за борба со последиците од загадениот воздух.Значаен пад на цените на недвижнините во третото тромесечје годинава. Ако се споредува со вториот квартал становите поевтиниле за дури 3,9 проценти што е најзначен квартален пад во последните три години. Сепак на годишна основа цените на недвижнините бележат раст од четири проценти.
Акциите кои во Македонска берза од вчера ги поседува Загребската берза ги продал еден од топ десетте акционери во друштвото, потврдуваат оттаму за Фактор.
