ФОКУС НА ДЕНОТ: Северна Македонија ќе стои во грчките учебници, утре ќе се решава за СЈО
Маркос Боларис, заменик-министерот за надворешни работи на Грција, потврди дека новото уставно име на Македонија ќе се најде во грчките учебници.
Ова Боларис го испратил како писмен одговор, а не директен, на новинарско прашање во грчкиот парламент од страна на опозициската Нова Демократија. Тој им потврдил на опозициските пратеници Јоргос Кумуцакос и Ники Карамеос дека нема да има никакви иредентистички наводи со промената.
Боларис напишал дека тоа е предвидено во Спогодбата од Преспа, која е ратификувана од двете страни.
Комисијата за спречување на корупција денеска отвори истрага за имотната состојба на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот заменик-министер за надворешни работи Илија Исајловски и генералниот секретар на Влада, Кирил Божиновски.
Истовремено претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска, рече дека ќе се проверат и анкетните листови на судиите Владимир Панчевски, Јово Вангеловски, Александра Зафировска, Светлана Костова и Сафија Лаличиќ.
Пратениците во Собранието гласаа за новото министерство.
Со 80 гласа „за“ пратениците ги изгласаа измените на законот за Влада и законот за организација и работа на органите на државната управа, со кои се формира ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.
