ФОКУС НА ДЕНОТ: Вардарци во финале - Семејна трагедија во Чаир – Заев на гости во ОАЕ
* ВАРДАР ВО ФИНАЛЕ: Честитки Вардарци- Радувај се Македонијо
Вардарци по втор пат ќе играат во финалето на Ф4 во Лигата на шампионите. По неверојатната ракометарска вистинска драма којашто ни ја приредија вечерва, поразувајќи ја Барселона успејаа да се пласират во финалето.
Граѓаните во Скопје веќе излегоа со своите автомобили по улиците за да ја прослават победата.
* СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО ЧАИР: Има и починати
При ископ на канал во близина на зграда во скопската населба Чаир, паднала земја врз неколку работници кои работеле на ископ на каналот.
Противпожарната екипа кога пристигнала на местото на несреќата успеала да извлече жив само еден работник.Абдулкерим и Менсур Мустафа од Патишка Река е идентитетот на двајцата браќа на возраст од 26 и 28 години кои загинаа денеска во Чаир додека вршеа ископ за водовод.
Тие заедно со својот зет и нивниот татко багерист вршеле ископ на потегот од станбена зграда до улицата Ресенска.* (ФОТО) Заев на гости кај шеик-министер од ОАЕ кој му најавил инвестиции во Македонија
Премиерот Зоран Заев објави дека му бил специјален гостин на ифтарската
вечера на шеикот Нахјан Бин Мубарак Ал Нахјан, министер за култура,
млади и социјален развој на Обединетите Арапски Емирати. Шеикот најавил инвестиции во Северна Македонија.
„Јас во име на Владата искажав подготвеност за темелна соработка, потенцирајќи ги уште еднаш клучните вредности на нашата земја, како што се одличната географска положба, економската флексибилност за инвестиции, работливиот народ и мозаикот од култури и заедници кои живеат кај нас“, објави Заев.
* ПАДНА ОСТАВКА: Груевски преку фејсбук најави повлекување од пратеничката функција
Поранешниот премиер на Македонија, а сегашен азилант Никола Груевски преку својот фејсбук профил најави дека се повлекува од функцијата пратеник во Собранието на РСМ.
Како што пишува екс премиерот за тоа во наредните денови ќе биде известен формално правно и законодавниот дом.
* Потпретседателот на Собранието му „забрани“ на Никола Груевски да поднесе оставка
Горан Мисовски, потпретседателот на Собранието, му порача на поранешниот премиер Никола Груевски дека не може да си поднесе оставка како пратеник во законодавниот дом онака како што си замислува тој, туку дека треба лично да дојде.
„Читам Груевски ќе си поднел оставка. Членот 65 од Уставот на РСМ е многу јасен: Пратеникот може да поднесе оставка. Пратеникот оставката ја поднесува лично на седница на Собранието. НИКОЛА ТЕ ЧЕКАМЕ ВО РСМ!“, напиша Мисовски попладнево на својот профил на „Фејсбук“.* (ФОТО) ГРАЃАНИТЕ ПРЕПЛАШЕНИ: Настанати штети од силниот земјотрес во Албанија
Разурнати куќи, напукани тавани и скршени ѕидови, се само дел од настанатите штети предивикани од силниот земјотрес во Корча. Серијата земјотреси утрово предизвикале паника кај граѓаните.
Дел од нив се плашат да се вратат назад во домовите, бидејќи како што пренесуваат медиумите од регионот стравуваат скршениот ѕид да не им се сруши над глава.