Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Се приближуваат ставовите за СЈО, имало или не барање за форензичко бришење?

ФОКУС НА ДЕНОТ: Се приближуваат ставовите за СЈО, имало или не барање за форензичко бришење?

Во Владата, заврши средбата меѓу претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, на која се дебатираше околу новиот Закон за Јавно обвинителство со кој треба да се реши и статусот на СЈО.

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски, изјави дека се договориле „околу финансирањето на обвинитеството и за поголема одговорност на обвинителите“. 

Премиерот Зоран Заев вели дека со опозицијата се блиску до решение за законот за Јавно обвинителство. 

Законот за јавно обвинителство е услов за датум во октомври, соопшти еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на македонските политичари. 

Државниот обвинител, Љубомир Јовески  во интервју за Канал 5 изјави дека Јавното обвинителството будно ги следи информациите за наводна наредба за форензичко бришење на податоци во СЈО. 

Тој наведе дека  СЈО демантираше дека е побарано форензичко бришење. 

„Доколку Обвинителството дојде до цврсти сознанија ќе преземе соодветни мерки согласно законот“ – рече Јовевски.

Тој вели дека во новото Обвинителство треба да се задржат ресурсите од сегашното СЈО, мислејќи  на буџет и кадар. Сепак рече дека неказнивост нема да се дозволи. 

Не се ни трудам да вртам телефони и да се информирам за случувањата во СЈО, вели премиерот Зоран Заев. 

Тој изјави дека може само да ги охрабри, истрагата да продолжи.

„Случувањата во Специјалното јавно обвинителство се во рацете на обвинителите и јас не треба воопшто да се мешам, па ниту добронамерно“, изјави Заев.

Вели дека секој одминат ден отвора нова дебата. 

„За форензиките не знам ништо. Читав во медиумите, а тие материјали не може никој да ги избрише. Нека си одлучат обвинителите. Сметам дека Заев не треба таму да се меша. Поединците се менливи, системот е државна обврска“, порача Заев.

Бришење на податоците, отстранување на материјалите, во компјутерите на СЈО се врши етапно и само од персоналните компјутери на стручните соработници и истражителите, но не и на обвинителите, велат соговорници од таму за Дојче Веле и според тоа не би можело да има злоупотреба со бришење на податоци.

Или избори или протести, најавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести