ФОКУС НА ДЕНОТ: Се празнува Божиќ, политичарите и свештените лица упатија пораки до народот
Православните христијани денеска го слават Божиќ.
Денеска е Рождество Христово – Божиќ.
Божик се вбројува меѓу најголемите христијански празници, зашто на тој ден се празнува раѓањето на Спасителот Исус Христос.
Кај техничкиот премиер Оливер Спасовски се паднала паричката за Бадник во кругот на неговото семејство.
Тој рече дека сите заедно треба да придонесеме во колективниот успех, што ќе донесе среќа за сите.Спасовски посака мир, спокој исреќа на сите граѓани во државата.
Без веронаука ќе ни се случуваат многу Катици Јаневи, ќе ни се случуваат и Боки, ќе ни се случуваат и еден куп работи, изјави денеска владиката Петар на Божиќниот ручек во Прилеп.
Тој порача дека треба да се воведе веронаука во училиштата преку која смета дека ќе се постигне духовна обнова на народот.
„Со веронауката сето тоа ќе исчезне, затоа што ако сакате вие преродба на народот, не можете вие само да барате преродба материјална, економска, културна, а душевна, односно духовна да нема. Само преку духовната преродба доаѓаат сите други преродби“– вели владиката Петар.
Oд ВМРО-ДПМНЕ бараат разрешувања на владините и партиските советници кои преку Фејсбук коментираа дека новата техничка министерка Рашела Мизрахи наместо да се слика со партиско знаме треба да го стави еврејскиот симбол Давидова ѕвезда.
Коментарот го објави советничката во СДСМ, Мерсиха Смаиловиќ која тврди дека опозицијата објавува лажни вести и дека нејзиниот став е против користење на партиски симболи од државни функционери.
„Ако ја користеше ѕвездата на Давид, немаше да има проблем“, напиша таа на Фејсбук.
Тој е единствениот лиценциран детски кардиохирург во земјава. Камо среќа да не беше така – се согласува и самиот. Д-р Владимир Чадиковски е можеби еден од ретките кои имал можност да замине надвор од земјата, но останал овде. Во интервју за Фактор вели дека има проблеми кои го мачат јавното здравство, но дека кога докторот е добар и има установа зад себе неговите квалитети се квалитети во која било земја. Од неодамна е во „Аџибадем Систина“, каде, како што вели, видел професионализам, систем идентичен како во светските центри и стандарди и протоколи кои диктираат принцип на работа кој е признаен во најдобрите болници. Разговорот со Чадиковски е пријатен оти докторот има јасен став за состојбите, ненаметлив. Има тешка работа – но благородна. Во кардиохируршкиот оддел во „Аџибадем Систина“ веќе се оперирани седум деца, а во иднина овој оддел ќе стане референтен центар на Балканот.Најмалку 50 загинати има во метежот што настана на погребот на иранскиот генерал Касим Сулејмани.
По повеќе земјотреси, гувернерката на Порторико Ванда Васкес прогласи вонредна состојба и ја активираше Националната гарда, јави весникот „ Nuevo dija“.
