ФОКУС НА ДЕНОТ: Се чека одлука за Вељаноски, нови закани од терористите од Диво насеље
Претседателот на Собранието, Талат Џафери за во 21.00 часот ја закажа пленарната седница за одземање на пратеничкиот имунитет на пратеникот и поранешен претседател, Трајко Вељаноски.
Вечерва на полноќ истекува рокот на законодавниот дом по кој треба да се произнесе на судското барање за Вељаноски, затоа што без мислење од Собранието не може да почне неговиот распит пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд. Обвинителството го сомничи Вељаноски дека е еден од организаторите за „крвавиот четврток“. За Вељаноски обвинителството бара притвор.
Мухамет Красниќи, Командант Малишева, на својот Фејсбук профил, објави статус каде пишува дека неговиот Фејсбук профил во изминатите денови бил хакиран, но и упати пораки до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Почитувани пријатели, мојот Фејсбук е хакиран и ми избришале некои статуси, особено последниот. Денес на вестите на Алсат-М дознавме дека Христијан Мицкоски нѐ нарекува кукавици и во служба на Зоран Заев. Сакам да му кажам на Мицкоски дека кукавици се тие, од Груевски па надолу, бидејќи бегаат од одговорноста, кукавици и криминалци сте вие раководството на ВМРО, вие сте и крадци кои ја доведовте државата во оваа ситуација, вие заслужувате затвор“, пишува тој.
Вели дека тие со нивните пушки ги симнале од власт.Со ратификуваниот договор со Република Северна Македонија, Грција имплицитно го признава постоењето на македонскиот јазик и етничката припадност. А сепак, со децении го негираше постоењето на сопственото македонско малцинство, вели Марија Маргаронис. Ќе се промени ли нешто сега, пишува BBC.
Пензиониран адвокат, Фокас зборува беспрекорен официјален грчки јазик, но неговиот мајчин јазик е македонскиот, словенски јазик поврзан со бугарскиот јазик кој се говорел на овој дел од Балканот со векови. Во модерната куќа на неговиот син во едно село во северна Грција, тој не води низ болната историја на грчкото непризнаено малцинство што го зборува словенскиот јазик.
Зоран Заев и Али Ахмети се договорија – граѓаните се изјаснат и за етничката припадност на пописот следната година, потврдуваат за тв 24 од двете партии. Според информациите законот е во финална фаза, според планираното се очекува уште неделава да помине на влада.