ФОКУС НА ДЕНОТ: Се чека формирање техничка Влада, извршителите не ги отворија канцелариите
Ќе се најде ли компромис за техничката влада меѓу партиските лидери , јавноста ќе дознае викендов.
Оваа сабота на иста маса темата избори и нова влада ги седнува Заев, Мицковски и Ахмети.
Според пишувањата на дел од медиумите, водачите на владеачката партија, најголемата опозициска партија и најголемата партија од албанскиот блок ќе се состанат во владата во 17 часот.
По заедничката средба , Мицкоски и Ахмети пак очи в очи на средба за која засега нема повеќе детали каде би можела да се одржи.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев по одржување на седница на извршниот и централниот комитет изјави дека му дале согласност на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да ги избере идните министри во новата техничка Влада.
Му даваат поддршка да биде кандидат за мандатар, и очекувааат дека на 12 април ќе извојуваат победа.
Усвоен е годишниот извештај за работа.
„Разрешен е Томислав Димитровски, кој е познат по немил настан кој се случи во изминатиот период“, рече Јанушев.
Македонските извршители денеска не ги отворија своите канцеларии. Протестираат против новиот Тарифник на Министерството за правда, според кој максималната награда што може да ја земе еден извршител, се намалува од 1.000 евра, на 300 евра.
Во јавноста од подамна постои голема огорченост од работењето на извршителите, поради висината на трошоците кои им ги наплатуваат на граѓаните.
Здравствената администрација и помошно-техничкиот персонал вработени во клиниките во комплексот Мајка Тереза денеска излегоа на протест поради незадоволството од нивните плати.
Администрација во здравството е лута затоа што не добија зголемување на платата заедно со лекарите и медицинските сестри. Тие изјавиле дека се изманипулирани од министерот за здравство Венко Филипче.
А министерот за здравство, пак, неодамна изјави дека Владата не може да ја одвои здравствената администрација од останатите административни работници.
Полицијата, мештаните и ловците заедно трагаат во селото Глоговац каде бил Малчанскиот берберин и Моника Каримановиќ која тој ја киднапирал.
Најдени се траги, стапки од обувки, но утврдено е дека тие се од вчера.
Најдена е и колибата каде киднаперот бил со девојчето.
Минималецот во Македонија се зголеми на 14.500 денари, но дел од текстилните работнички на Истокот се пожалија дека од 1 јануари им се укина храната и превозот, за сметка на зголемувањето на минималната плата.На последната седница што ќе ја одржи оваа година, најверојатно во текот на викендов, Владата треба да ја усвои Уредбата, од која се очекува да расчисти многу дилеми за тоа за кои возила колкав данок ќе се плаќа.
Иако граѓаните главно се информирани, Борче Хаџиев, директорот на Фондот за осигурување на депозити, им порачува на штедачите кои имаат повеќе од 30.000 евра депозит да го прераспределат во две, односно повеќе банки заради поголема сигурност.
Дел од агрегатите кои ги користат државните институции како системи за резервно и неприкинато напојување со електрична енергија се поставени во седумдесетите години, тврдат познавачи за Фактор.
Најголемите десет компании регистрирани како туристички агенции и тур-оператори лани направиле приход што кумулативно надминува 50 милиони евра. Очигледно дека во модерните услови кога интернетот нуди се на дланка треба особени вештини, љубезност, креативност, но и изграден имиџ и реноме за да примамиш туристи на кои ќе им посредуваш за нивното патување од соништата
Тој е редок човек во ова наше општество. И како да се се‘ поретки таквите како него. Неговата мисија е да изнуди широка насмевка онаму каде што најчесто ја нема или истото тоа општество заборавило дека постои. Д-р Жикица Ѓорѓиевски е стоматолог, годинешен добитник на наградата 13 Ноември на Град Скопје за континуирана поддршка на лицата од социјален ризик.
