Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Се беше во знакот на Ципрас и неговата сопруга

ФОКУС НА ДЕНОТ: Се беше во знакот на Ципрас и неговата сопруга

Грчкиот премиер Алексис Ципрас со владина и бизнис делегација допатува во прва официјална посета на Скопје. На црвениот тепих пред Владата на Македонија го дочека премиерот Зоран Заев, но недостасуваше интонирањето на химните и почесната гарда. 

Заев и Ципрас прво што направија беше селфи.

https://www.faktor.mk/foto-zaev-i-cipras-prvo-napravija-selfi-pa-potoa-pozdravuvanje-so-ministrite-

Ципрас потврди дека Грција ќе биде земјата која ќе го чува македонското небо кога Македонија и официјално ќе стане членка на НАТО.

Грција има врвни знаења во авијацијата, најверојатно најдобри во Источна Европа и ние ќе и гарантираме стабилност и безбедност. Министрите имаат нацрти и насоки за понатамошните чекори од овој аспект, смета грчкиот премиер. Тој рече дека Грција нема да наплаќа од Македонија надомест за надзорот од борбените авиони.

https://www.faktor.mk/cipras-bez-nadomest-kje-go-shtitime-makedonskoto-nebo-zaev-dogovorot-go-posvetivme-na-mladite

За сопругата на Ципрас имаше посебен протокол, а таа посети неколку интересни места во Скопје во придружба на Зорица Заева, сопругата на македонскиот премиер.

„Топло добредојде и за драгата Бети. Убав ден за пријателства, за срдечна дружба , интересни разговори и за разгледување на градот на солидарноста. Прекрасно попладне, полно со оптимизам и ведрина“ напиша на социјалните мрежи премиерот Заев.

https://www.faktor.mk/foto-soprugite-na-zaev-i-cipras-uzivaa-vo-pogledot-na-skopje-od-kale

Слично

Поврзани вести