Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: СДСМ скенира кандидати за претседатели, завршуваат мерките против загадувањето, колкави ни се платите?

ФОКУС НА ДЕНОТ: СДСМ скенира кандидати за претседатели, завршуваат мерките против загадувањето, колкави ни се платите?

Македонскиот премиер, Зоран Заев денеска на владина прес-конференција изјави дека партијата СДСМ чиј лидер е тој,  скенира десетина кандидати меѓу кои еден треба да биде избран во трката за претседателските избори кои ќе се одржат напролет. 

Денеска  беше објавено дека Заев пред да замине на зимување минатата недела побарал да се измери рејтингот на вицепремиерката Радмила Шекеринска, министрите Никола Димитров и Оливер Спасовски, како и националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.

СЈО отворило предистражна постапка за злоупотреба на службената положба и овластување по кривичната пријава против Стојан Миланов, еден од најискусните пратеници во Собранието. Тој е од редовите на СПМ како коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ и воедно баџанак на Љубисав Иванов - Ѕинго кој исто така беше пратеник.

Во овој случај пријавата ја поднесува МВР преку СВР Пробиштип поднесе до СЈО против 70 годишниот кратовец како директор на Јавното претпријатие хидросистем „Злетовица“ од Пробиштип“.

24.548 денари е просечна исплатена нето плата по работник за месец ноември 2018-та. 

Овој податок го објави Државниот завод за статистика, кој посочува дека се бележи раст од 5,8 отсто, а тоа зголемување како што се додава е регистрирано во секторите информации и комуникации, рударство и вадење камен и дејности на здравствена и социјална заштита.

Просечната нето плата пак пад бележи ви секторите на рударство и вадење на камен  за други услужни дејности и финансиски дејности и дејности на осигурување.

Тридневниот бесплатен јавен превоз за граѓаните на Скопје завршува утре со престанувањето на важење на мерките и препораките за заштита од загадувањето што ги воведе завчера Владата.

Истите од утре престануваат да важат бидејќи концентрациите на ПМ10 честичките се под дефинираниот праг на алармирање од 200 микрограми на еден кубен метар, соопштија денеска од Владата.

Медиумите пренесуваат дека сопруг си ја избол сопругата пред очите на децата на паркинг во градот Тулн.

Информациите велат дека се работи за 36 годишен маж и 32 годишна сопруга со потекло од скопското село Ласкарци, кај Сарај.

Слично

Поврзани вести