Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Русковска и Боки 13 разменија навреди, а партиите расправаат за имињата на училиштата во Чаир

ФОКУС НА ДЕНОТ: Русковска и Боки 13 разменија навреди, а партиите расправаат за имињата на училиштата во Чаир

СВЕДОЧЕШЕ ВОЗАЧОТ НА БОКИ 13

Личниот возач на Бојан Јовановски, обвинет во случајот „Рекет“, денеска како повикан сведок на рочиштето рече дека го возел Боки 13 и во Владата.

Стојан Арсовски рече дека го носел Јовановски во многу институции, меѓу кои УЈП, Министерството за внатрешни работи и во Влада.

На два пати Јовановски го носел кај бизнисменот Орце Камчев и дека бизнисменот, како што рече тој, бил многу љубезен со него. Камчев еднаш на Јовановски му дал држач за слики.

-Еднаш доби подарок држач за слики едвај го напикав во кола, истакна возачот.

Судот на 17 февруари ги објави ПИ-мерките од следењето на Јовановски и осудениот Зоран Милевски Кичеец од 21 јуни, па сѐ до денот на апсењето.

„ПАДНАА“ НАВРЕДИ ВО СУДНИЦА

Во судница денеска имаше кавга меѓу обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и обвинителката Вилма Русковска. 

Тие си разменија недолични зборови. 

„Доаѓаат времиња кога паметниот замолчува, будалиот прозборува а фукарата се обогатува“, вака  Јовановски го цитираше познатиот писател Иво Андриќ. 

Тој бара да биде пуштен од притвор. Рече дека целиот државен врв е свртен против него.

„Судија, а да го прашате дали за фукарата мисли на себе?“, праша Русковска. 

Јовановски рече дека треба да се срами од тоа што го кажала, по што судијата нареди обвинетиот да биде изнесен од судница.

ПРОМЕНАТА НА ИМИЊАТА ВО ЧАИР БИЛА ЗАКОНСКА?

Постапката за промена на имињата на двете основни училишта во Чаир сепак била легална, објави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на Фејсбук, откако вчера одлуката ја оцени како незаконски донесена и дека Централниот регистер треба да ја коригира веднаш.

„Вчера и денеска ги проверивме сите аспекти од постапката на носење на имињата на основните училишта во Чаир. После темелна анализа, правни тимови констатираа и ме информираа дека промената на имињата е согласно членот 26 од Законот за основно образование. Откако училишниот одбор донел одлука за измена на Статутот на училиштето со што се променува името на училиштето и се додава уставното име на државата, истата била потврдена и од страна на Советот на Општина Чаир. Бадентерово мнозинство не било неопходно“, напиша Заев на својот профил на Фејсбук.

Тој повика политичките партии да работат одговорно и да не го користат предизвборниот период да поентираат на картата на национализмот.

ЗАПАЛЕНИ БИЛБОРДИ, МИЦКОСКИ РЕАГИРА

Билборди на кои се наоѓа ликот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и торбата „Луј Витон“ се уништени на различни локации. 

За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, поставените билборди не се оцрнување на кампањата, туку отсликување на реалната состојба во државата.

„Јас не знам, ако вистината го боли тогаш еве нека се разбере тоа како оцрнување“, рече Мицкоски.

Вели дека освен што билбордите се бојадисувале, биле и палени.

Полицијата фати лица кои ги палат овие билборди, кажа Мицкоски. 

КОРОНАТА ОДНЕСЕ НАД 100 ЖИВОТИ ВО ИТАЛИЈА

Како последица на коронавирус починаа 107 луѓе во Италија. Властите ги објавија овие податоци вечерва.

Во изминатите 24 часа починаа 28 лица, а во земјата се идентификувани 587 нови случаи. 

Венеција, познатата туристичка дестинација, целосно е запустена поради стравот од коронавирусот.

На улиците, плоштадите, но и во рестораните кои обично беа преполни, сега може да се види по некој турист, а повеќето од нив носат заштитни маски.

Тедрос Адханом Гебреисус, шеф на Светската здравствена организација, изјави дека сегашната стапка на смртност за потврдени случаи на коронавирус е околу 3,4 отсто, далеку поголема од сезонската стапка на смртност на грип, што е под 1 процент.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Кога инвеститорите ги разгледуваат финансиските извештаи на компаниите, обично секогаш се земаат во предвид три фактори. Тоа се заработки по акции (eng. заработки по акција, односно скратено EPS), остварени приходи и прогнози на аналитичарите.

Да се основа Фонд за енергетска ефикасност со кој ќе се финансираат енергетски ефикасни проекти, сугерираат од Стопанската комора. Се тврди дека потребно е и подобрување на енергетската ефикаснот во јавниот сектор и да се практикува да се зголеми рационалното трошење енергија при климатизација, при изградба на згради. Од комората велат и дека е неопходен соодветно обучен кадар.

Бидејќи младите не сакаат да работат во текстилната индустрија, од причина што сметаат дека работата е тешка, и слабо платена, во текстилот газдите ангажираат и пензионерки.

Имал само 30 години. Никој не сака да каже зошто одлучил да посегне по својот млад живот, скокајќи од зградата во која живеел, од 12 кат.

На Зоран Заев како претседател на Владата на РСМ на кому му престанала функцијата му е доделено владино службено возило „фолксваген пасат лимузина“ произведено во 2018 година и со моторна зафатнина од 2.000 см3 со владина одлука по престанувањето на неговиот мандат на почетокот на оваа година. 

Најмладата банка во големата петорка македонски деловни банки лани успеала да оствари најголем раст на кредитното порфолио и најголем раст на активата во големата конкуренција, но и воопшто на македонскиот пазар

Се излечи ли Македонската берза од коронавирусот. Веќе четврти ден по ред расте берзанскиот индекс МБИ 10. 

Слично

Поврзани вести