ФОКУС НА ДЕНОТ: Роднините на функционерите даваат откази, се бара претседателски кандидат прифатлив за сите
И синот на пратеникот Горан Мисовски се повлече од новото работно место по реакциите на јавноста. Кристијан Мисовски беше нововработен во Агенцијата за супервизија на осигурување. Оваа информација за ТВ 24 ја потврди неговиот татко, но пратеникот тврди дека отказот на неговиот син стигнал пред повикот на премиерот Зоран Заев.
Мајката на пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, прва „ќе го скрши мразот“ и ќе си поднесе оставка како нововработена во Централниот регистар на Струмица.
Фанија Костадинова сама ќе се повлече од работното место, откако лани беше откриено дека била вработена во оваа државна институција по назначувањето на Костадинов за гласноговорник на владејачката партија.
Оставката доаѓа по најавата на премиерот Заев дека дел од роднините на функционерите ќе се повлечат од своите работни места.Претседателот на „Алтернатива“ Африм Гаши, попладнево изјави дека денеска имале многу добра и плодна средба со премиерот Зоран Заев, а главна тема беа претседателските избори и обидот да се изнајде заеднички кандидат.
Вели дека ја поздравиле оваа иницијатива. Гаши рече дека првпат во државава ни се случува да се избере претседател и да се направи обид тој кандидат да биде што поприфатлив од сите граѓани.
„Самиот обид што се креира за доаѓање до овој амбиент мислам дека е за поздравување и ние како „Алтернатива“, политички субјект и партнер во Владата, сакаме да придонесеме во овој процес и заеднички да дојдеме до тој кандидат“, изјави Гаши.Генералот Стојанче Ангелов попладнево на својот Фејсбук профил демантираше дека е избркан од кафуле во Тетово, како што денеска објавија медиумите на албански јазик.
Ангелов вели дека медиумите ја објавиле оваа информација, без да го побараат за одговор. Тој во својот пост на Фејсбук, објасни што се случило во Тетово.
„Вистината е дека вчера, јас, заедно со генералниот секретар на Достоинство Драган Василевски и еден пензиониран тетовски полицаец Албанец, наш пријател, чиј идентитет го знаеја повеќето присутни Албанци, седнавме на кафе во една од многубројните тетовски кафетерии која се наоѓа во дел населен исклучиво со Албанци.Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ кој проби три заштитни огради и излета од пат превртувајќи се бил осигуран. Тоа значи дека осигурителна компанија на повредените и на семејствата на починатите ќе им исплати оштета.
