Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Разрешувања во владеачката партија-смени на партиски кадри

ФОКУС НА ДЕНОТ: Разрешувања во владеачката партија-смени на партиски кадри

Веќе 4 часа трае Централниот одбор на владеачката партија.

Од Бихаќка станува јасно дека Заев го разрешил целото раководство на СДСМ.

Вечерва нема да има смени во владините институции, а разрешувањата во министерствата и јавни претпријатија ќе почнат во јуни.

Разрешени се сите потпретседатели на СДСМ а и извршниот одбор на партијата, форумот на жени, како и генералниот и организацискиот секретар на партијата. 

Прв разрешен е генералниот секретар Александар Кирацовски a на негово место доаѓа актуелниот министер Љупчо Николовски.

*

Познато кој го заменува Кирацовски

Актуелниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе го заземе местото на Александар Кирацовски.

*

Имате уште една недела: проверете ги годишните даночни пријави сега

Доколку се уште не сте ја провериле годишната даночна пријава имајте на ум дека тоа треба да го направите во најбрз можен рок. 

Датумот до кога треба да ја потврдите или корегирате годишната даночна пријава е 31 мај.

*

Села нe поддржува Закон за СЈО кој ќе штити големи политички мечки

Тој вели дека ќе поддржи Закон кој нема за цел да амнестира некого, туку има за цел постепено да ги гради правото и правната држава.

*Австралија бара работници: Плати и до 10 000 евра а најбарани се овие занимања- детали на линкот.


Слично

Поврзани вести