ФОКУС НА ДЕНОТ: Расте бројот на жртви во Албанија, ќе се истражат бонусите делени во СЈО
Земјотресот во Албанија бил со моќност колку и експлозија од 60.000 тони ТНТ.
Тоа е еднакво на три атомски бомби, објави порталот Сот Њуз.
Во земјата денеска се регистрирани неколку земјотреси. Најсилниот беше со интензитет од 6,4, а последниот евидентиран е по 14 часот, со јачина од 5 степени, а во меѓувреме се регистрирани дури 40 земјотреси.
Во соседна Албанија, спасено е 17-годишно момче кое од под урнатините на телефон комуницираше со спасувачите.
Од урнатините на својот дом во Драч, извлечен е 17-годишниот Рам Лала.
Засега не е позната судбината на неговите родители.
Колку бил силен земјотресот во Албанија покажуваат и бројните снимки кои кружат на Интернет.
Едно видео кое е објавено на социјалните мрежи пак покажува како во еден стан паѓа плафонот додека се тресе се а човекот спие не мрда.
На видеото кое е направено со сигурносна камера, се гледа како еден човек спие кога одеднаш почнува да се тресе се околу него, а делови од таванот паѓаат.
Македонија ќе и додели на Албанија од државниот буџет околу 100.000 евра како првична финансиска помош за санирање на последиците од земјотресот. Владата на денешна седница донела одлука да се издвојат 6 милиони денари, но и друг вид помош.Специјалното јавно обвинителство, кое де-факто повеќе не функционира, за Дојче Веле известува дека надоместоците за доверливост кои ги добивале обвинителите не биле повисоки од земјите во регионот и дека поранешната специјалната јавна обвинителка Катица Јанева била таа која ги одредувала.
Извори од СЈО потврдуваат дека висината на исплаќаните бонуси зависела од обемот и тежината на задачата, како и од тежината на предметот, односно материјалите со кои е во контакт еден обвинител од СЈО.
Поранешната ракометарка Адријана Будимир и поранешната кошаркарка Едина Муса се вклучени во Комисијата за спорт на СДСМ која ја предводи поранешниот ракометен репрезентативец Наумче Мојсоски.Љупчо Коцарев од јануари следната година ќе биде претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Коцарев ќе раководи од таа позиција со најисоката научна установа во земјава наследувајќи го академик Таки Фити. На изборното собрание вчера како негови потпретседатели избрани се академиците Живко Попов и Газанфер Бајрам.
Еден ден по скандалозниот настан во Македонскиот народен театар, каде прослава на навивачка група се претвори во скандирање и уништување на државен инвентар, со студена глава и смирени страсти треба да се разјаснат неколку дилеми.
Дека само од плата не се живее и дека секој човек треба да се потруди со дополнителни приходи да си го пополни домашниот буџет, потврдува со свој личен пример 50 годишниот Јонче Митевски од Кратово.
Секоја акција на „Фершпед“ за првите девет месеци носи добивка од 67 евра. „Фершпед“ за првите девет месеци ги зголеми приходите за 2,26 милиони евра, но неговите расходи за истиот период пораснале за 2,46 милиони евра. Добивката за првите девет месеци е 1,21 милиони евра и е за 16 отсто пониска од истиот период лани.
Земјотресот со магнитуда од 6,4 степени е посилен од скопскиот катастрофален земјотрес во 1963 година, вели за Фактор Михаил Гаревски, поранешен директор на реномираниот скопски Институт за земјотресно инжењерство и сеизмологија.
