Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Распишани претседателските избори, од Царовска се бараат докази за аферата со пензии

ФОКУС НА ДЕНОТ: Распишани претседателските избори, од Царовска се бараат докази за аферата со пензии

Спикерот Талат Џафери ги распиша претседателските избори. 

Тој порача дека сите учесници во изборниот процес, треба да се однесуваат како што налага Уставот и законите. 

Првиот круг ќе се одржи на 21 април, а вториот круг на 5 мај.

Јавното обвинителство по дадениот исказ и поднесената кривична поријава до непознат сторител од страна на Мила Царовска за објавениот скандал со пензиските придонеси објави дека министерката за труд и социјална политика не навела имиња на можни сторители и дека е потребно да донесе дополнителни материјали како докази.

„Во својот исказ таа изнесе одредени сознанија во врска со наводите во пријавата без притоа да посочи можен сторител на кривичното дело со утврден идентитет. Надлежниот јавен обвинител побара од подносителот на пријавата дополнително да достави определени материјални докази кои ги спомена во својот исказ.

Шестмесечно бебе заразено од мали сипаници починало на Клиниката за инфективни болести утрово. Веста ја соопшти министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека бебето не било вакцинирано против морбили и за жал починало од компликација по воспаление на белите дробови. 

Бебето прво било лекувано во болницата во Козле, а потоа е префрлено на Инфективната клиника. Инаку тоа не ни можело да биде вакцинирано затоа што МРП вакцината вообичаено се прима подоцна. 

Македонската влада испратила допис до НАТО со кој се бара корекција во делот на користење на терминот „македонскиот јазик“ на веб страницата на Алијансата.

Ова денеска го потврди премиерот Зоран Заев, откако во средата додека течеше преносот во живо од потпишувањето на Протоколот можноста за превод на „македонски“ јазик беше заменет со македонското знаме, додека другите преводи течеа стандардно со именувани термини.

Слично

Поврзани вести