Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Прогресивниот данок ставен во мирување, стигнаа првите критики

ФОКУС НА ДЕНОТ: Прогресивниот данок ставен во мирување, стигнаа првите критики

Владата го стави прогресивниот данок на личен доход во мирување од 36 месеци, односно до 1 јануари 2023 затоа што, како што рече министерката за финансии Нина Ангеловска, не бил постигнат посакуваниот ефект. Таа рече дека не станува за укинување, туку за одложување на овој тип на данок, се додека не се адаптира соодветна имплементација.

„Имаше бурни реакции кај граѓаните дека се направени без консултации, а компаниите реагираа на непредвидливоста. Имаше предочувања дека ќе има избегнувања на плаќање, со префрлања на фирмир во странски земји, бидејќи знаеме денеска колку е мобилен капиталот. Лично јас сметав дека не се создадени условите, бидејќи треба да внимаваме на тајмингот.. Најпрво треба да бидеме уверени дека тоа е лесно за администрирање и сите да плаќаат данок“, вели Ангеловска.

Анализата на министерката покажала дека прогресивниот данок на личен доход ја намалило ненеднаквоста за само еден отсто, а за 50 проценти изгубени се приходи кои можеле да се соберат поради избегнување така што обврзниците се префрлале во друг систем или ги префрлиле приходите од автоски дела и закупнини на други лица.

Eкс министерот за финансии, Драган Тевдовски на социјалните мрежи реагираше по денешната одлука на Владата да го стави прогресивниот данок во мирување за период од три години.

„Пратениците на СДСМ, пред да гласаат за ова, нека помислат дали се за бришење на Социјалдемократски од името на СДСМ. Посебно од страна на луѓе што немаат врска со СДСМ“, напиша Тевдовски на Фејсбук.

Kритика до Владата за одложување на прогресивниот данок упати и поранешниот советник во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ. 

„Да бидеме начисто. Со одлуката да го „одложи“ прогресивниот данок, Владата ќе им даде 30-40 милиони евра на најбогатите 1% во оваа држава. Не на сиромашните, не на работниците, не на земјоделците, не на студентите, не на младите, туку на Заевци, Кочовци, Нини, Камчевци и Мијалковци. И, ок, легитимно е. Легитимно е, па и логично, Влада водена од богаташи, да се грижи за богатите, а не за сиромашните. Ама немојте да кажувате дека сте левичари и дека се залагате за социјална правда. Немојте да зборувате дека се залагате за подобро здравство, подобро образование и еднакви можности за сите. Немојте да тврдите дека се застапувате за сиромашните, работниците, земјоделците, студентите, обичните луѓе, народот. И немојте да ги барате нивните гласови на следните избори. И немојте да се изненадите кога тие нема да гласаат за вас. И кога ќе завршите неславно, како најкратката Влада во историјата на оваа земја. Зашто, како што кажал нашиот народ, што сеете, тоа и ќе жнеете“, пишува Јовановиќ на Фејсбук. 

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека Собранието на Македонија, и покрај тоа што следуваат предвремени парламентарни избори на 12 април, треба да биде функционално кога ќе дојде редот на државата да го ратификува своето членство во НАТО. Според шефот на македонската Влада, треба да се остави простор да се измени консензуалното решение за денот на изборите заради ратификувањето на пристапувањето во НАТО во македонскиот парламент.

Жителите на албанскиот град Корча се шокирани од силниот земјотрес кој денеска ја погоди Албанија, а истиот е почувствуван и во западна Македонија. Но, по силниот земјотрес, имаше уште неколку потреси. 

Бараат од властите да им поставуваат шатори за да имаат каде да престојуваат.

Слично

Поврзани вести