Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Претседателските избори и морбилите

ФОКУС НА ДЕНОТ: Претседателските избори и морбилите

Од почетокот на епидемијата на морбили во Скопје од месец декември до сега, се регистрирани околу 900 лица заболени од ситни сипаници на целата територија на земјава. Најголемиот број на регистрирани лица со морбили се регистрирани во Институтот за јавно здравје во Скопје, но има и регистрирани пациенти со мали сипаници и во останатите центри за јавно здравје во внатрешноста на Северна Македонија.

https://www.faktor.mk/vtor-den-od-proglasuvanjeto-na-epidemija-na-mali-sipanici-vo-zemjava-

Рената Дескоска, министерката за правда, денеска изјави дека е препорачливо да се тргне цензусот како критериум во оретседателските избори во Македонија.

- Менувањето на Уставот со цел да се олесни процесот на избор на претседател е нешто што веќе е препорачано и од ОБСЕ односно ОДИХР. Неколку пати е посочено од Венецијанската комисија дека цензусот што постои во Уставот за избор на претседател е нешто што не е соодветно и мора да биде тргнато, истакна таа на новинарско прашање за време на Европската конференција за медијација.

https://www.faktor.mk/deskoska-preporachlivo-e-da-se-trgne-cenzusot

„Другата страна на политиката“ по заедничкото интервју со претседателските кандидати Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река во кое не учествуваше Стево Пендаровски објави демант дека третиот учесник на претседателските избори не бил повикан на истото и ги прикажа поканите.

https://www.faktor.mk/drugata-strana-na-politikata-ja-objavi-pokanata-do-pendarovski-1

Слично

Поврзани вести