ФОКУС НА ДЕНОТ: Познат датумот кога ќе се решава за Законот за ЈО, збогум Гоце Влахов
Пратениците одат на одмор па затоа собранискиот спикер Талат Џафери реши седницата за владиниот предлог Закон за Јавно обвинителство да ја закаже за 27 април.
За новиот закон да помине, ќе треба двотретинско мнозинство а истиот се носи со европско знаменце и по скратена постапка.
* Македонија се збогува со актерот Гоце Влахов.
Актерот почина денеска во Скопје, на 70 -годишна возраст.
*ОЛЕСНУВАЊЕ: Од следнава недела едно застанување на патниците и транспортерите на Табановце
Од летово почнува и практичната примена на заедничкото царинење меѓу Република Северна Македонија и Република Србија. Договорот е потпишан меѓу двете земји, а ќе го олесни и поминувањето на патниците, но и на транспортерите. Треба да стартува од први следниот месец.
Слично
