Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Пожари во Скопје, АРМ слави роденден

ФОКУС НА ДЕНОТ: Пожари во Скопје, АРМ слави роденден

* Пожарите над Пинтија во Скопје се уште се активни и се гаснат со авиони на  Дирекцијата за заштита и спасување.

Авионите направија два прелети  и фрлија вода кон Сопиште, каде се ширеше пожарот. Ноќва на терен ќе има дежурни екипи на пожарникари, иако теренот е непристапен.

Пожарот избувна денеска околу 11:30 часот во шумата над скопската населба Пинтија. Зафатена беше поголема површина мешана шума.

*Армијата денеска прослави 27 години.

Централната свеченост се одржа во Охрид.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на денешната централна свеченост во Охрид, по повод 18. Август – Денот на Армијата во своето обраќање упати пораки до Армијата, за сето она што беше направено изминатиот период, но и за сето она што следи во блиска иднина.

Министерката им се заблагодари на припадниците на Армијата, на војниците, подофицерите, офицерите за нивниот придонес кон безбедноста и суверенитетот на нашата држава, за нивниот придонес во процесот за приклучување кон Алијансата, за нивното учество во мировните мисии, помошта на граѓаните при елементарни непогоди.

*

ГЕРМАНИЈА БАРА ЕКСПЕРТИ: „По новиот закон граѓаните на Западен Балкан се привилегирани“

Штефан Мајер, секретар во МВР на Германија, за DW зборувал за новиот закон и како да се постапува кога ќе стапи на сила, а уште ќе биде на сила правилото за Западен Балкан.

-Во фокус на законот за доселување на квалификувана работна сила се експерти, односно квалификувани работници од земјите кои не се членки на ЕУ“ , вели Мајер, пренесе Б92.

Според негови зборови, во многу сегменти е забележан недостиг на експерти и затоа ќе се овозможи доселување во Германија заради вработување - како и доаѓање со цел потрага за работно место за стручна обука. Со овој закон за прв пат се воведува единствен поим експерт односно квалификуван работник.


Слично

Поврзани вести