ФОКУС НА ДЕНОТ: Пожари ширум државата, каква последица носи поместувањето на стрелките на часовникот
Денешниот ден го обележаа вести во кој главната тема се пожарите.
Скопско, Битолско, Преспа, Тетовско, Охридско, Македонски Брод, Велешко, Штипско и Кумановско се регионите во кои се активни повеќе пожари.Шумските појаси и сувите треви се најдоа на удар а зафатена беше и пругата кај Драчево.
Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека се оштетени дури и пет столба на ЕВН кај Желино, за кој е побарано интервенција на канадерите а побарана била интервенција на авиони за гаснење на пожарот кај Љуботенски бачила.
Вечерва не заборавајте и да ги поместите стрелките на часовникот напред еден саат.
Научниците со студија предупредуваат на здравствени проблеми со поместувањето на часовникот а за таа тема читајте повеќе овде - Преминот кон летно сметање на времето носи здравствени проблеми: Посебно да се внимава во сообраќајот!
Заев, Анѓушев и Сугарески денес беа на средба со пелагониските стопанственици. Епилогот од таа средба може да го читате тука.
Слично
