Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Потпишан Протоколот за НАТО, честитки од сите страни, почина девојче од грип

ФОКУС НА ДЕНОТ: Потпишан Протоколот за НАТО, честитки од сите страни, почина девојче од грип

Амбасадорите на земјите-членки во НАТО претпладнево го потпишаа пристапниот Протокол за прием на Македонија во Алијансата во седиштето во Брисел во присуство на министерот за надворешни работи Никола Димитров и генералниот секретар на пактот, Јенс Столтенберг. Први потпишаа ополномоштените дипломати на Албанија, Белгија, Бугарија, Канада, Хрватска, а понатаму и сите други. 

Последен потпис стави претставникот на САД, а Димитров се поздрави посебно со сите нив. Во Брисел присутен е и Стево Пендаровски, националниот координатор за НАТО.

Премиерот Зоран Заев вели дека ова е голем, историски ден за сите граѓани. 

Додава дека денес, најголемиот безбедносен сојуз на светот, НАТО, ни кажа добредојде.

Безбедноста на нашите граници не ја гарантираме само ние, туку ја гарантира и Сојузот и тоа неминовно носи зголемена безбедност во нашата држава, но и безбедност во регионот, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, по потпишувањето на пристапниот протокол за членство во НАТО. 

Вели дека Македонија веќе не е во изолација, туку Македонија се смета за една од ретките добри вести на европскиот континент. 

Шефот на државата, Ѓорге Иванов го поздравува потпишувањето на пристапниот Протокол за членство на земјата во НАТО. 

Тој секогаш се залагал за остварување на стратешките цели на Република Македонија, информираа денеска неговиот кабинет.

„Македонскиот претседател смета дека, за жал, останува фактот дека на денешното потпишување на Протоколот му претходеше склучување на договор за промена на уставното име на Република Македонија, што им нанесе трајна штета на македонските национални интереси“, стои во соопштението.

Девојче на возраст од 5 години од Скопје ноќеска починало на детската клиника од грип. Тоа претходно е лекувано на Инситутот за белодробни болести „Козле“ од вирусна пневмонија. Откако и се влошила состојбата без свест и со грчеви е префрлена на детксата клиника, каде по 13 часа починала од компликации.

Слично

Поврзани вести