ФОКУС НА ДЕНОТ: Потерници за Красниќи и Рамадани, се чекаат информации за Македонците изолирани во карантин
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница за Агим Красниќи и Сехат Рамадани по бегството од затворот во Штип.
Двајцата членови на групата од Кондово која пред 15 години се закануваше дека ќе го нападне Скопје не се врати назад во затворот по добиеното викенд-отсуство.
Красниќи има за доиздржување уште три години и три месеци од казната затвор, додека Рамадани уште осум години и седум месеци.
Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека денеска чека одговор од националните здравствени организации за тоа кога Македонците кои се во карантин поради коронавирусот ќе може да се вратат дома.
- Контактиравме и со Светската здравствена организација и со Министерството за надворешни работи за директно да стапиме во контакт со јапонските власти, рече Филипче.
Во моментов има тројца македонски државјани меѓу патниците на јапонскиот крузер, што беше ставен во карантин во пристанишето во јапонскиот град Јокохама, а на кој што има заразени од коронавирусот, додека во Франција македонска државјанка е се уште во карантин откако се врати од Кина со специјален лет организиран под француска програма.
Експозитура на ТТК банка во Велес денеска била ограбена.Јавното обвинителство денеска соопшти дека е почната предистражна постапка во врска со сознанијата на Министерството за внатрешни работи за протекнување на материјали од посебни истражни мерки, конкретно за целосната снимка за случајот „Поткуп“ која потоа беше објавена од одредени медиуми.
Законот за јавно обвинителство треба да се донесе бидејќи со тоа ќе покажете промена на начинот на мислење од што е минимумот потребен да се направи за отворање на преговори, кон тоа како да ги искористиме максимално преговорите за промена на нашата држава за младите луѓе да не си заминат, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар, пред почетокот на брифингот со новинари за новата методологија на Европската комисија.
Атиџе Муратова, ѕвездата од „Медена земја“, во својот последен разговор за „Ал Џезира“ пред одржувањето на свечената Академија за доделување на наградите Оскар вели дека имала тешки моменти во својот живот а еднаш дури и размислувала да си го одземе. Неподносливоста на животот ја почувствувала најмногу кога ја нападнал песот на соседите.
Иако има покачување на минималната плата во Македонија, сепак таа е ниска ако се спореди во однос на државите од регионот и пошироко.
Мобилните оператори за прв пат откако е формирана посредно ќе и платат на Оперативно-техничката агенција 1,1 милиони евра за нејзиното работење во текот на 2020, наместо тоа да го финансира целосно централниот државен буџет, како што беше првично предвидено, и да не се остави простор за судир на интереси.
Како почна, така и заврши годината. Државата во 2019 година не успеа да ги собере планираните пари од данокот на добивка, а даночните приходи по овој основ се драстично пониски и од проекцијата, но и од приходите од данок на добивка во 2018 година.
Курирските услуги се услужен бизнис во кој се вртат солидни суми. Остануваат и профити. Во овој бизнис е очигледна разликата во управувањето кога се споредува приватната иницијатива и партиското поставување на директори во држани фирми.
