Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Потерница за Војминовски, Миленко не чувствува вина, Путин во посета на Белград

ФОКУС НА ДЕНОТ: Потерница за Војминовски, Миленко не чувствува вина, Путин во посета на Белград

Распишана е  меѓународна потерница за Никола Војминовски, која на 27-ми април го нападна пратеникот од Алијансата за Албанците, Зијадин Села и му нанесе сериозни телесни повреди.

Војминовски е осуден на 13 години затвор и е обвинет за обид за убиство, но судот одлучи да остане во домашен притвор додека пресудата не стане конечна. 

Полицијата го информираше судот дека тој не е во куќен притвор, по што беше решено за ова да биде известен Интерпол. Тој беше еден од сведоците на судењето за 27 април.

Основното јавно обвинителство Скопје лани во октомври до Кривичниот суд достави обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Се работеше за новинарот Миленко Неделковски кој што денеска седна на обвинтелна клупа за ширење омраза на социјалните медиуми.

Миленко денеска кажал дека не чувствува вина.

Обвинителката за случаите со прислушкуваните материјали, Ленче Ристоска, во разговор за Дојче Вели признава дека Специјалното јавно обвинителство во последно време има намален рејтинг кај граѓаните, но и додава дека истото повторно ќе ја врати својата најголема доверба во јавноста.

На едно од прашањата вели дека приоритет во понатамошното работење на СЈО е да ја задржи својата независност и неутралност во работењето.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи како раководител на Секретаријатот за европски прашања упати покана со известување за организирање на Донаторска конференција за потребите од имплементацијата на новиот Закон за употреба на јазиците во рамките на СЕП.

- Согласно комплексноста и обемноста на имплементацијата на новиот Закон за употреба на јазиците, во улога на Национален координатор за распределба на странска помош, закажав Донаторски состанок (конференција) на 18 февруари, со цел размена на искуства, експертиза и координација на странската поддршка за имплементација на Законот, објави Османи на својот профил на Фејсбук.

Владата во Грција нема да брза, и  прави десетина илјади копии од Договорот од Преспа за граѓаните.

Тој ќе биде објавен и во неделното издание на весниците.

Целта е граѓаните да се информираат што содржи Договорот. 

Рускиот претседател Владимир Путин стигна на белградскиот аеродром Никола Тесла. Го дочека српскиот претседател Александар Вучиќ со почесна гарда.

Путин слетал околу 13,06 часот. Еден час пред авионот во кој се наоѓал Путин, на аеродромот во Белград слетала руска делегација, пренесоа српските медиуми.

Слично

Поврзани вести