ФОКУС НА ДЕНОТ: Последното Иваново обраќање, од Шутка - дома, нафтен пад
Шефот на државата за последен пат се обрати како претседател од собраниската говорница. И овој пат наместо во хармонија, говорот на Ѓорге Иванов помина во тензична атмосфера.
Тој со низа критики кон владеачката партија. ДУИ не му дојдоа, но му порачаа дека единствено добро од неговиот говор било тоа што тоа било негово последно обраќање.Детали од тоа што кажа Иванов за последен пат како претседател од Собранието читајте тука.
Иванов се караше со власта: Го потпишав законот за да ве разоткријам.
Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Зорица Арсовска и Ненад Јосифовиќ од Шутка одат од домашен притвор.
Тие ќе можат празниците да ги поминат со најблиските откако апелација донесе одлука со која им ја преиначи мерката а исто така им изрече мерка на претпазливост – привремено одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.
Уште три лица добиваат амнестија за 27 април.
Eкс директорот на УБК, Сашо Мијалков останува во притвор. Барањето на СЈО за поблага мерка не било целосно информираат од Кривичен суд.
Судијката Весна Димишкова денеска не донела одлука бидејќи предлогот на СЈО за укинување на притворот и определување домашен притвор биле некомплетни и го вратила во обвинителствoто на дополнување.
Нафтата повторно бележи пад на цените.
По еуфоријата испораките за февруари поевтиниле за 83 центи на 45,39 долари за барел на Њујоршката берза, по вчерашното поскапување од 3,69 долари.
