Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Последен викенд во владата на Заев за неколку министри

ФОКУС НА ДЕНОТ: Последен викенд во владата на Заев за неколку министри

Осуммина актуелни министри чии имиња официјално јавноста би требало да ги дознае утре го имаат последниот викенд во Владата на Илинденска.

Имињата од реконструкцијата на Заев утре ќе бидат доставени во Собрание а засега во јавноста проструија информации дека Хисни Исмаили ќе го замени Асаф Адам во Министерството за култура.

За Алсат од партијата на Ахмети потврдиле и дека Насер Нуредини ќе министерува со екологија, а медиуми брифираат и за можна смена на Сугаревски.

Извесно е дека од МЗШВ заминува Љупчо Николовски а неговата фотелја веројатно ќе ја заземе некој од владеачката СДСМ.

*

Колку се платени директорите на двете најголеми македонски банки?

„Комерцијална банка“ и „Стопанска банка Скопје“ се двете најголеми домашни банки по критериумите: вкупни средства, вкупни кредитни пласмани, вкупни депозити. Лани и двете банки имаа извонредно добра година, а на нивното работење позитивно влијаеше во значајна мерка рестаритрањето на „Фени“, враќањето на заемите и ослободувањето на резервираните средства кои банките ги чуваа пред да ги наплатат заемите. 

Борисов ги прозва Македонците, а еве каков одговор му врати Заев

Премиерот Заев изјавата на бугарскиот колега дека „Македонците треба да созреат за да добијат датум за преговори со ЕУ“ ја оцени како добрососедска истакнувајќи дека Борисов веќе го докажал големото пријателство.

(ВИДЕО) Стравична несреќа со две жртви кај скопска обиколница

Тешка сообраќајна несреќа однесе во смрт две лица. Загина совозачот на автомобилот БМВ што се запали на северната обиколница а во болница им подлегнал и едниот од двајцата полицајци кои беа пренесени во болница.

ЌЕ ИМА ЛИ ШОКОВИ: Од следниот месец струјата ќе се купува по нова цена

Од 1 јули за струја ќе плаќаме по нова цена на електричната енергија за домаќнствата а дали ќе има пад или скок на цената е неизвесно.

Слично

Поврзани вести