Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Политичарите честитаат, ја сумираме 2019 и ја чекаме 2020 година

ФОКУС НА ДЕНОТ: Политичарите честитаат, ја сумираме 2019 и ја чекаме 2020 година

Пред да се спојат стрелките на часовникот и да отчуваат добредојде за новата 2020 година, премиерот испрати новогодишна честитка до граѓаните.

Тој посакува подобро и поубаво утре за сите, здравје и исполнетост со радост и топлина.

Целосната честитка упатена од Заев ви ја пренесуваме подолу:

„Почитувани мои сограѓани,

На неколку часа пред Новата Година, кога сите сме со нашите најблиски, ви посакувам подобро и поубаво утре, здравје и исполнетост со радост и топлина

Некои наши сограѓани вечерва ќе бидат на работните места, во болниците, во Полицијата, во противпожарните служби, во Армијата - ќе се грижат за земјата и за нашата сигурност. На сите нив, да им оддадеме почит и признание.

За припадниците на нашата Армија, и сите наши граѓани, 2020 година ќе биде година за паметење. Северна Македонија и формално ќе стане членка на најмоќниот сојуз – НАТО.

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, освен традиционалниот поздрав- за здравје , среќа и благосотојба, повика и на поголема сплотеност на сите, меѓусебно помирување, на похумано и солидарно и праведно општество.

„Сите ние сме едно големо семејство кое има еден заеднички дом, тоа е нашата заедничка држава. Посакувам, во 2020-та, во нашиот заеднички дом да владее мир и спокој до кој ќе дојдеме преку граѓанско помирување втемелено врз правда и вистина. Вистинско помирување ќе имаме тогаш кога сите ние кои живееме во оваа држава ќе бидеме еднакви граѓани, со еднакви права и обврски. Владеењето на правото и правдата ќе ни ја врати не само довербата во институциите, туку и меѓусебната доверба“, порачува Пендаровски во новогодишното видео-обраќање. 

На граѓаните Новата година им ја честита и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

„Годината што следи ќе донесе промени на подобро“ – вели Мицкоски.

 Посакува и ветува – стандард, стабилност, напредок, правда.

„Желбите да станат стварност треба да се бориме, но  и да веруваме. Јас ќе се борам до крај, бидејќи верувам во идеалот на обновата. Верувам дека вие и вашите деца треба да сте среќни, да имате добар стандард, стабилност, напредок, правдата да царува, а државата да се грижи за вас. Тоа е обновата. Тоа го посакувам. И тоа ќе го остварам, заедно со вас и пред се за вас, за мојот народ“, додава Мицкоски.

Оливер Спасовски, кој од трети јануари ќе биде технички премиер, вели дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за Драган Ковачки да биде министер за внатрешни, е надвор од Уставот. Тој смета дека милитаризација на МВР не е добра за демократско општество.

„Да го почитуваме Уставот, тој да биде пред се и над се. Милитаризација на МВР не е потребна во едно демократско општество. Ако гледате што значеше милитаризацијата на времето, доаѓањето на Горан Груевски во МВР, ќе ве потсети на огромното прислушување и нарушување на човековите права и слободи. Јас не сакам да прејудицирам, не сакам да зборувам за човекот било што друго, туку едноставно ова е предлог што е надвор од Уставот“, рече Спасовски. 

Оние што заминаа, веќе наголемо размислуваат како да се покажат во уште подобро светло во некоја од компаниите низ белиот свет, надевајќи се дека така уште повеќе ќе го здебелат банкарското конто на кое ја примаат и онака солидната плата. Малку ги мачи носталгијата и им недостигаат распеаните македонски кафеани, но влогот во добро ситуиран и среден живот, е многу поголем.

Оние што останаа, не е познато колку се на број, ги мачат милиони прашалници, некои исти, а некои само малку изменети во однос на претходните години. 

На полноќ ќе ја испратиме 2019 а ќе и кажеме добредојде на 2020 година. 

Годината стара ќе се обидеме да ја запаметиме пред се по позитивните настани.

Фактор преку фотографии издвојува неколку.

Еден бивш премиер, во една прилика, мртов сериозен ми кажа: А бе, што ќе ви се на вас глумците пари? Па, не ни требаат. Ни тогаш, ни сега. Ни треба само малку повеќе почит – вели актерот.

Среќна нова година! Животот не познава години, не мора да ги броиме. Нека нема граници, но посакуваме да имате цели. Убави цели, кои ќе ги исполнувате. На патот кон нив нека има среќа, многу насмевки, многу убави моменти, успех и здравје. Бидете тоа што сакате да сте, без задршки!

Во континуитет Фактор остава седум успешни години зад себе. Иако поважни ни се целите, за нас вредни се бројките. Ни даваат сила, оти се потврда на релеватноста, на нашата пoсветеност. 

Слично

Поврзани вести