Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Поевтини горива, постпразнични вработувања, Заев во тесно за уставните измени

ФОКУС НА ДЕНОТ: Поевтини горива, постпразнични вработувања, Заев во тесно за уставните измени

Од утре горивата ќе се точат по нови цени. Регулаторната комисија одлучи да ги намали цените на бензините и дизелот и на оваа седница. Имено, ако планирате да точите горива направете го тоа по полноќ.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика бензините од утре ќе се точат по цени поевтини за 2,5 денари додека со дизел ќе полните резервоари по цени поевтини за 3 денари.

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Почекајте до полноќ да го наполните резервоарот

Продолжуваат вработувањата во државни институции и по празниците.

Објавен е оглас за уште едно масовно вработување овој пат на Царинската управа за 78 работни позиции, меѓу кои и за советници.

Поддршката за уставните измени на власта виси на стаклени нозе. Имено, Заев е во тесна ситуација  бидејќи ако реши да ги прифати барањата на Билал Касами и Зијадин Села тогаш ќе може да ја изгуби довербата кај осуммината пратенци кои ги исклучи владеачката ВМРО ДПМНЕ.

Ако Заев ги прифати барањата на Касами и Села осуммината исклучени пратеници „ќе му откажат љубов“

Алијансата за Албанците ќе даде поддршка за уставните измени во последната фаза. 

Дел од нивните барања се прифатени во однос на Преамбулата на Уставот, која ќе претрпи дополнителни измени. 

Премиерот Зоран Заев го прифатил предлогот на Села што се однесува на делот на преамбулата „граѓаните коишто живеат во границите“, посочувајќи дека конечната формулација ќе биде „граѓаните на Македонија, македонскиот народ и дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ, дел од влашкиот народ…“.

Општина Центар деновиве очекува фирмата „Пелагонија Гостивар“ да и врати 96 милиони денари или околу 1,6 милиони евра, пари кои со блокада ги одзеде од општинската сметка летово. Овој расплет следува откако Врховниот суд одлучил во полза на општина Центар и ја прифатил нивната ревизија, па судскиот спор на Центар со фирмата го вратил на повторно разгледување, на првостепен суд. 

Компанијата ја тужеше општина Центар и го доби спорот во кој докажуваше дека е оштетена што поранешниот градоначалник Андреј Жерновски го раскина договорот за изградба на катната гаража кај зградата на поранешна „Нова Макеоднија“. 

Слично

Поврзани вести