Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Поддршка од Бугарија, стоп за истрагите на СЈО, Груевски останува без плата

ФОКУС НА ДЕНОТ: Поддршка од Бугарија, стоп за истрагите на СЈО, Груевски останува без плата

Соседна Бугарија денеска влегува во историјата како првата земја-членка на НАТО која го одобри влегувањето на Македонија во Алијансата.

Источниот сосед во 1992-та беше првата земја која ја призна Македонија како независна држава, односно меѓународен субјект.

Специјалното јавно обвинителство веќе нема да може да отвора нови истраги по 18-те истечени месеци за тоа што ги имаше по превземањето на прислушкуваните материјали, одлучи Врховен суд зад затворени врати донесувајќи такво правно мислење.

Мислењето е начелно и останува да се види како тоа ќе влијае врз иницијативите кои се поднесени врз основа на член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, односно за продолжувањето на рокот со кој СЈО ќе може да отвора нови случаи.

Пратениците ги изгласаа измените на Законот за плати на пратениците со кои се предвидува пратеник да го изгуби правото на плата ако е осуден на казна затвор подолга од шест месеци. „За“ гласаа 53 пратеници, немаше против, а претседателот на Собранието Талат Џафери беше воздржан.

Измените ги предлагаат шест пратеници, со усвојувањето значи дека на поранешниот премиер Никола Груевски кој е правосилно осуден на две години, му престанува правото да ја зема пратеничката плата. 

Евентуално, доколку сака Груевски може да се обиде уште една година да зема пари од државната каса ако се повика на бенефициите за пратениците, но за да се случи тоа ќе мора да си ја жртвува слободата, односно да се врати овде.

Стигна извинување од вицепремиерот за европски прашања и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, поради изјавата дадена вчера дека ќе тужи за обвинувањата поврзани со скандалот со пензиите. 

Тој потенцира дека медиумите имаат право да известуваат и да се сомневаат и дека не ги сметаат таквите прилози за злонамерни, па поголемиот дел од медиумите нема потреба да ѝ се извинуваат на ДУИ ниту пак, партијата има потреба да поднесе тужби.

Скопје попладнево е 5-ти најзагаден град во светот, покажуваат податоците на air visual. 

Слично

Поврзани вести