Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Пендаровски собра потписи, Мицкоски ќе бара обвинител од надвор?

ФОКУС НА ДЕНОТ: Пендаровски собра потписи, Мицкоски ќе бара обвинител од надвор?

За само неколку часа во канцелариите на ДИК низ земјава се собрани над 20.000 потписи за Стево Пендаровски, изјави денеска генералниот секретар на СДСМ, Алаксандар Кирацовски.

Кирацовски, кој е и шеф на Изборниот штаб на Пендаровски, денеска во Битола и лично, со свој потпис, ја поддржа кандидатурата на Пендаровски. 

„Од Охрид до Берово, од Тетово до Крива Паланка, од Битола до Скопје, Куманово…граѓаните масовно ја дадоа својата поддршка. Во историјата, оваа е единствената кандидатура за претседател на државата која е поддржана од над 20.000 граѓани, од 60 пратеници и од над 30 политички партии. Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци…сите заедно се обединија околу Стево Пендаровски“, вели Кирацовски.

Шефот на Изборниот штаб на претседателскиот кандидат Пендаровски, на средбата со новинарите во Битола изјави дека очекува голема победа и избор на Стево Пендаровски за иден претседател на државата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во Отворено на Алфа Телевизија изјави дека проектот Катица Јанева е завршена приказна затоа што СЈО не ги исполнило очекувањата за тоа што беше формирано и целосно ги разочара граѓаните.

За неговата средба со специјалната обвинителка, Јанева вели дека таа истата ја експлоатираше по медиуми, но  не успеала да го убеди во нејзините капацитети. 

„Можам да кажам дека СЈО не само што не ги оправда очекувањата кога беше формирано, туку напротив целосно ги разочара и тоа е јасно видливо и на анкетите и оние мерења на мислења на граѓаните какви мислење имаат тие за СЈО, чија алатка, во чии раце е СЈО и така натаму“, рече Мицкоски.

Во околината на Лерин и Серес, деновиве се појавиле летоци во Грција, со содржина која повикува на автономија на Егејска Македонија. 

Летоците се потпишани од засега непознатата организација, ВМРО Обединета и во нив се повикуваат македонските браќа од Егејска Македонија да се обединат за Автономија на Македонија.

Грчките медиумите ова го толкуваат како провокација на Македонците во овој дел од Грција, но можно е да станува збор и за операција на грчките служби со цел да се предизвика негативна слика за словенско население кое живее во оваа област.

Институциите со предзнак „македонски“ владата не требаше да ги замени со „национални“, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, бидејќи на тој начин се негира македонскиот идентитет, додека во Преспанскиот договор треба се промени само името на земјата.

„Заев и Димитров секаде зборуваа дека идентитетот е заштитен, а јас не гледам како е заштитен идентитетот, ако „македонско“ или „македонски“ стануваат „национално“ или „национална“. Ова е тотално обезличување и тотално бришење на македонскиот национален идентитет. Значи тоа го зборувавме и пред референдумот, немаме само промена на име, туку целосно национално обезличување кое се реализира во овој период“, истакна Николоски во своето гостување на ТВ 24.

Ваквата негова реакција следува откако пред два дена Владата ги промени имињата на околу 130 институции. Тука влегоа не само оние кои го заменија називот од „Македонија“ во „Северна Македонија“, туку и од „македонски“ во „национален“.

Слично

Поврзани вести