ФОКУС НА ДЕНОТ: Пендаровски по изборите бара прочистување, ВМРО-ДПМНЕ го критикуваше неговиот говор
Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, во своето прво обраќање пред пратениците во Собранието како шеф на државата порача дека врв на лошите состојби во правосудниот систем е аферата „Рекет“, но и дека следната власт по парламентарните избори, покрај во правосудниот, треба да спроведе и прочистување кај политичарите.
„Еден факт не зборува добро за отпорноста на нашиот правосуден систем од надворешни влијанија – безмалку три децении сме независна држава, а, ниту еден висок политичар или преку ноќ збогатен бизнисмен нема завршено зад решетки, а таму требаше да завршат многу повеќе од еден. Општа е перцепцијата кај граѓаните дека само сиромашните, и луѓето на маргини, без релација со некоја власт одговараат дури и за багателни кривични дела. Затоа и не треба да не чуди што голем дел од младите луѓе ги воспитуваат тн. реални шоуа, а нивните идоли не се чесните луѓе - домаќини, со образ и личен интегритет, туку, типови од криминалниот полусвет“, нагласи Претседателот, порачувајќи и на следната власт, веднаш по изборите да спроведе прочистување и кај судиите и кај обвинителите, но, најпрво, кај политичарите. За секого за кого нема логично образложение како со државна плата станал милионер треба веднаш да следи не оставка, туку кривична постапка“, рече тој.
Претседателот Пендаровски ги нагласи и храбрите политички чекори на актуелната власт, која ги затвори политичките спорови со историска димензија со Бугарија и Грција.
По говорот на шефот на државата Стево Пендаровски денеска во Собранието, дел од пратениците се задоволни и велат дека слушнале натпартиски претседател, а oд опозицијата велат дека Пендаровски давал дијагнози.
Од СДСМ велат дека во Пендаровски гледаат сојузник за добрите политики.
„По десет години обраќања на еден партиски послушник како Ѓорге Иванов кој ги промовираше политиките на режимот и изолацијата, денеска бевме сведоци на обраќање на натпартискиот претседател Стево Пендаровски“, изјави пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец.
Неговиот колега од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски вели дека од Пендаровски очекувал да гради мостови во своето прво обраќање во Собранието. Според него, слушнале празни зборови, беа нешто конкретно за тоа што е направено за 7 месеци. Вели дека Пендаровски давал дијагнози.
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање рече дека постои УСБ-стик со компромитирачки материјали за личности од политичкиот врв во врска со аферата „Рекет“, но дека не може да потврди во чии раце се наоѓа истото, односно дека е можно да биде кај Љупчо Палевски, но и кај Јавното обвинителство.Ново рочиште за убиството на Пино Секондо се случува во судот, а од таму испливуваат и нови детали од сведоците на случајот.
А1он пренесувајќи го сведоштвото на Анета Георгиева , пишува дека осомничената која се гони како соучесничка и осомничениот убиец кој е во бегство, кај неа дошле во раните утрински часови, и и кажале дека убиле човек.
-Дојдоа кај мене во 6 часот утрото, Фуркан Али и Ангела а јас се разлутив што ме будат толку рано. По одредено време, Фуркан ми рече: Убивме човек.Ја погледнав Ангела, а таа потврди. Ги прашав дали се озбилни а тие рекоа да и ја сменија темата-раскажал сведокот Анета, посочувајќи дека Ангела и Фуркан биле дечко и девојка и дека не делувале воопшто потресени кога биле кај неа.
Проверка на знаењето од германски јазик и старосна граница се воведува од 1 март за жителите од Западен Балкан кои сакаат да заминат во Германија.Компании кои увезуваат прочистувачи на воздух реагираат дека Царинската управа ги оптоварува со царинска тарифа од 15 отсто.
Тендер за проектот за инсталација на електронски систем за наплата и изградба на три нови патарини долж Коридорот 8 и автопатот Миладиновци – Штип е најавен од страна на ЈП за Државни патишта, а Европската Банка за обнова и развој очекува постапката да започне на 28 декември годинава.
Две рударски странски компании, една компанија за продажба и транспорт на нафтени деривати, ланец супермаркети, една фабрика за акумулатори и странска гринфилд инвестиција снабдувач на авомобилската индустрија се најголемите шест фирми во Источна Македонија – единствените кои можат да се пофалат дека лани направиле приход што е поголем од 50 милиони евра
Средношколци од повеќе средни училишта преку социјалнте мрежи се организираат во петок да ја бојкотираат наставата во сите средни училишта, како форма на револт против екстремно високото загадување во земјава.
За пет ипол години колку што постои, Македонската банкарска акдемија АБИТ одржала над 100 специјалистички семинари, семинари за млади банкари и конференции на кои поминале 1.800 слушатели.
