Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Пендаровски најави реформи, нови цени на горивата, Балканот го зафати невреме

ФОКУС НА ДЕНОТ: Пендаровски најави реформи, нови цени на горивата, Балканот го зафати невреме

Бранимир Јовановиќ, довчерашниот советник на министерот за финансии Драган Тевдовски обучил свој наследник, па најверојатно тој во следниот период ќе го советува министерот за даночната политика. Тевдовски денеска рече дека со Јовановиќ кој пред неколку дена објави дека заминува од ресорот, ќе останел добар пријател. Го пофали дека бил посветен работник и еден од наједуцираните кадри во Министерството. Името на тој што ќе го наследи не го откри, но рече дека е вработен во Министерството и дека има добро знaење.

„Посветено работеше на реформите, особено на даночните, а и на социјалната реформа, и на дигитализацијата. Бранимир Јовановиќ го почитувам, но не можам да го задржам да остене ако сака да напредува на друго место, рече Тевдовски.

Новоизбраниот претседател на Северна Македонија Стево Пендаровски, кој доби официјална потврда и од Државната изборна комисија дека е избран за шеф на државата, изјави дека со овие избори земјата покажа дека може да се однесува европски и да работи професионално.

Тој најaви и дека ќе учествува и во реформите за разузнавачките служби кои се под надзор на претседателот. Пендаровски за законите кои не ги потпиша Иванов ќе се консултира со својот правен тим, кој ќе го формира следната недела.

Според зборовите на Пендаровски, политичкиот реваншизам нема да постои ниту во институциите кои се во надлежност на претседателот, ниту во претседателскиот кабинет.

„Макпетрол“ е првиот инпортер на горива кој ги објави утрешните цени по сопствено пазарно убедување и може да се заклучи дека бензините ќе бидат поевтини, додека дизелот ќе биде нешто поскап.

Во моментов цените на горивата во Македонија не се регулирани а така се очекува да биде до 20 мај до кога треба во сила да стапи новиот Закон за енергетика и новата методологија за регулирање на цените од страна на РКЕ.

Од Макпетрол кажуваат дека бидејќи се општествено одговорна компанија, работат за навремено да ги информираат купувачите, и да обезбедат квалитетни горива. Цените по кои Макпетрол ќе ги продава горивата се следните - Ultra 95+ Economy – 71,00 денари за лита, Ultra 100 Race Pro – 73,00 денари за литар, Ultra Diesel Green Power – 64,00 денари за литар, Ultra Diesel Bio Power се ќе се продава по цена од 65,00 денари за литар;

Во однос на досегашните цени (кои се валидни уште денес), бензините се поевтини за еден денар, додека дизелот е поскап за 0.5 односно 1 денар.

Хрватска и БиХ ги зафати невреме. 

Покрив од 4 тони леташе во воздух во Загреб каде имаше бура. 

Станарите на Јежевска улица пред својот влез го затекнаа лимениот кров.

Металната конструкција се срушила на просторот пред влезот. Повредени нема.

Ветерот откорна оџаци и клима уреди. 

Поплави има во Босна и Херцеговина по обилните врнежи од дожд. 

Обилните дождови предизвикаа поплави во северозападниот дел на Република Српска, а кај Бања Лука има излевање на едно вештачко езеро.

Најтешко се погодени шест населби во Приедор, каде што се поплавени десетина објекти.

Прогласен е прв степен на готовност за заштита од поплави поради зголемување на нивото на три реки, наведе РТРС.

Слично

Поврзани вести