ФОКУС НА ДЕНОТ: „Паднаа“ притвори за трагедијата кај Ласкарци, проневера ја „тресе“ УБК
Притвор е одреден за сопственикот на „Дурмо турс“ и второосомничениот од седумте приведени за автобурската несреќа кај Ласкарци, додека третот доби домашен притвор, а еден помина само со мерки на претпазливост.
Обвинителството побара приведување на седум лица меѓу кои возачот на автобусот, сопственикот на „Дурмо Турс“ и неколкумина вработени во Дурмо Турс и станицата за технички преглед, кои и двете се во сопственост на истиот газда.
Шестмина од осомничените се гонат за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, за кои е пропишана казна затвор од најмалку 4 години. Седмиот осомничен се товари за несовесно работење во службата.
Приведен е Тони Јакимовски, поранешниот шеф на кабинетот на Сашо Мијалков, додека тој беше прв човек на УБК. Јакимовски и уште тројца вработени во УБК се осомничени дека злоупотребиле службени пари и го оштетиле буџетот за 50 милиони денари, информираат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. За нив Обвинителството бара притвор.
Од јануари 2007 година до мај 2017 година, осомничените како службени лица во УБК злоупотребувале службени пари.
Во тој период, во 172 наврати, тие подигале службени пари, но на крајот на годината ги уништувале документите за исплата, без посебно одобрение од Директорот на Управата и без записник.
Претседателот на грчката Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, не го сака споменикот „Воин на коњ“.
Тој зборувајќи за дискусијата што се отвори во Грција за наводна размена на споменици, односно како што вели, „за наводна размена на споменик – симбол што воопшто не ѝ припаѓа на државата, туку на Општина Атина, со некој кич споменик на Александар Велики, доказ на фалсификувањето на историјата“.
„Некои сакаа да донесеме и да поставиме на местото на „Тркач“, споменик што го симболизира скопскиот иредентизам. Им велиме јасно: „Тркачот“ не оди никаде. Тие многу брзо ќе го фатат патот од власта, со ваша одлука, со пресуда од грчкиот народ“ – изјави Мицотакис.
Премиерот Зоран Заев при нелегалното прислушување бил воден под псевдонимот „Зо За”. Ова го откри на денешното сведочење во Кривичниот суд Зоран Костовски во случајот „Таргет-Тврдина“.
Овој хард диск СЈО го зело од канцеларијата на Звонко Костовски во УБК. Тој од него на 5-6 цедеа преснимувал разговори на Заев. Снимањето на разговорите Костовски, го правел по наредба на Горан Грујевски.
