Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Oдекнаа нови „бомби“, десетта препорака од ЕК за Македонија

ФОКУС НА ДЕНОТ: Oдекнаа нови „бомби“, десетта препорака од ЕК за Македонија

На социјалната мрежа Фејсбук денеска биле објавени неколку нелегално прислушувани разговори, но веднаш се отстранети.

Аудио снимки осамнале во последните 12 часа на профил на Фејсбук именуван како „El Cheka“. Сите биле на албански јазик, освен една која е на македонски јазик и за која објавувачот тврди дека е помеѓу поранешната министерка за внатрешни работи и ексдиректорот на УБК, Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков.

Според објавите на профилот, ова е само почеток, а снимките наводно биле добиени од лица од кумановската група, осудени пред четири години за настаните во Куманово.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хам денеска објави дека Европската комисија препорачува отворање преговори со Северна Македонија и со Албанија.

Македонија официјално ја доби десетатат препорака по ред за добивање Датум за преговори, додека за Албанија ова е прва.

Попладне треба да биде објавен и извештајот за земјите од Западен Балкан.

Последен збор за тоа дали Македонија ќе започне со отворање на поглавјата го имаат националните влади.

Сепак, тоа не се очекува да биде познато до скоро поради тукуштозавршените европски избори и формирањето на раководните структури.

Партијата на германската канцеларка, Ангела Меркел смета дека е рано преговорите на земјава со ЕУ да започнат во јуни. 

Партиите на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) се против брз почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија да станат дел од Европската Унија, пишуваат странските медиуми. 

Одлука веројатно ќе биде донесена во октомври, вели Гунтер Крихбаум од ЦДУ.

„Додека се донесе одлука ќе дојде октомври“, вели претседателот на Комисијата за европска политика на Бундестагот, Гунтер Крихбаум од Христијанско-демократската унија.

Тој за ДПА изјави дека „сигурно нема да има ништо“ од позитивно изјаснување на 28-те земји членки на Унијата веќе на средината од јуни.

Дипломатските претставници на Германија и САД кои очекуваат до крајот на годината земјава да влезе во НАТО.

Амбасадорите беа на отварањето на специјалниот семинар за следните чекори на НАТО. Семинарот се одржува во Собранието, а собранискиот претседател, Талат Џафери кој се пофали дека има и воено образование и офицерска кариера, вети дека и Парламентот ќе учествува со свои одлуки во патувањето кон членството.

Џафери, но и сите присутни очекуваат американскиот Сенат сега во јуни да  го усвои протоколот за македонско членство во НАТО. Се надева дека реформите ќе резултираат со почеток на преговорите за интеграција во ЕУ.

Досега 13 држави членки на НАТО го ратификуваа протоколот.

Слично

Поврзани вести