Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Нова инвестиција, но и нови цени на горивата во Македонија

ФОКУС НА ДЕНОТ: Нова инвестиција, но и нови цени на горивата во Македонија

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев по посетата на Словенија најавија нова инвестиција од оваа земја. Станува збор за компанијата „ТАБ МАК“ која треба да инвестира 25 милиони евра во Пробиштип и да отвори 90 нови работни места.

„ Директор на компанијата ТАБ МАК, ја сподели добрата вест со нас, дека е донесена одлука да направат нова инвестиција за фабриката за акумулатори во Пробиштип во вкупна вредност од 25 милиони евра. Се потврдува дека во нашата земја има поволна инвестициска клима кога една компанија којашто скромно стартуваше пред неколку години сега носи вака крупна одлука за инвестиција од 25 милиони евра којашто ќе отвори нови од 70 до над 90 работни места. Се потврдува дека севкупните наши политики значат отворање на перспективи на Северна Македонија за интегративните процеси, но и на сите економски политики што ги водиме во државата“, изјави Заев

Анѓушев додаде дека оваа компанија ќќе потпише договор за државна помош со што ќе се забрза реализацијата на проектот. Ова е една од компаниите која инвестира надвор од Технолошко индустриските зони. Преговорите со оваа компанија се воделе една година и дека истата же донесе современа технологија.

Регулаторната комисија ги пресмета новите цени на горивата.

Согласно новата методологија, тие доживеаа поевтинување.

Тоа значи дека веќе од полноќ бензините „Супер 95“ и „Супер 98“ ќе се точат по цена помала за 1 денари или ќе чинат 71,00, односно 73,00 денари.

За два денари РКЕ ја намали цената на дизелот кој од ноќеска почна да се точи за 64,00 денари за литар.

Ваљон Беља повеќе не е економски директор на Клиниката за гинекологија и акушерство. 

Одлуката за разрешувањето на Беља ја донел министерот за здравство, Венко Филипче поради несоодветен настап на Беља. Претходно,  Беља на својот профил напиша дека има проневри на клиниката и дека ќе пријави во јавното обвинителство. По ова реагираа од Клиниката за гинекологија со објаснување дека Беља барал хонорано да ангажира двајца советници, но оттаму не гледале причина за овие вработувања. 

Тој во своја објава на Фејсбук вчера ја обвини својата колешка Викторија Јовановска, директорка на Гинекологија, за незаконски јавни набавки и дека фаворизирала компанија која врши лабораторски тестови.

Вицепремиерот за Рамковниот договор, Хазби Лика, со новиот Закон за координација станува разузнавач, односно добива место во Советот за координација на разузнавачката заедница. На позицијата Лика седнува за 30 дена, објави Телма.

Во Законот за координација кој денеска го потпиша претседателот Стево Пендаровски стои одредба дека вицепремиерот задолжен за Рамковниот ќе биде еден од осумте члена на советот кој оперативно ќе ги води разузнавачките активности.

Слично

Поврзани вести