ФОКУС НА ДЕНОТ: Неизвесност околу Законот за јавно обвинителство, Собранието се распушта на 16 февруари
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција изјави дека Зоран Заев со Законот за Јавно обвинителство покажува страв, од докази кои вели ќе го докажат неговиот криминал.
„Паднаа маските, Зоран Заев се бори за амнестија“, рече Мицкоски.
Тој вели дека она што Заев го предлага е Закон за амнестија за Заев и неговите соработници.
Мицкоски рече дека за овој закон имаат многу забелешки, но и за членот 110 со што се предвидува разговорите да не важат за докази.
За четири дена се одложува распуштањето на Парламентот.
Наместо на 12, Собранието ќе се распушти на 16 февруари. Ова го изјави собранискиот претседател Талат Џафери.
Тој ова го кажа по консултациите со ДИК и по добиениот одговор дека за реализирање на изборните дејствија се потребни 55 денови.
Тројцата македонски членови на екипажот на „Дајмонд Принцес” не се заразени со коронавирусот.
Се работи за двајца мажи и една жена, кои се наоѓаат во добра здравствена состојба, потврдуваат од Министерството за надворешни работи.
Тие се заглавени на закотвениот брод во близина на Јокохама во Јапонија и живеат под режим на епидемиолозите.
Пратеникот и претседател на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби очекува донесување на законот за јавно обвинителство ако, како што изјави денеска, текстот кој е веќе доставен во Собранието се совпаѓа со вчера усвоениот на Влада.Управата за финансиска полиција поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „Даночно затајување“ до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Л.С. која во својство на физичко лице во периодот од 21.06.2017 година до 07.07.2017 година, на личната банкарска сметка, во три наврати примила парични средства во вкупен износ од 16.095.600 денари, по основ на склучен Договор за изготвување на „Проект за Интернационална асоцијација за заштита на човековите права“ со Друштвото ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК Скопје и лицата Е.Н. и Д.Н..
Поништени се решенијата за распоредување на работно место што ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на 6 и 7 февруари оваа година, информираше Владата.
Нема разочарување по недобиениот оскар. Тимот на „Медена земја“ секако е победник. На светот му ја испратиja најмоќната порака и покажаа што знаат и умеат.
Испратија порака до светот во време кога навистина е повеќе од потребно. Ништо друго не е важно во моментов.
По скоро 7 децении работа комбинатот „Тетекс“ од Тетово престанува со работа.
Информацијата е објавена на Македонска берза.
Германија, Словенија, Малта, Хрватска, и многу други земји ги ангажираат квалификуваните македонски работници, кои пак фалат на домашниот пазар на труд.Некогаш најпознатата македонска фабрика за мебел, сега руина. Поранешната „Треска“ нема никогаш да биде тоа што беше, но затоа големиот простор кој се наоѓа и на тоа како атрактивна локација, деновиве почна се повеќе да го привлекува вниманието на јавноста.
Најуспешните градежни компании специјализирани за градба на станови остваруваат фасцинантни профити. Верувале или не девет компании кои во 2018 година оствариле профити од еден до седум милиони евра. Профитите им се движат од 21 отсто до 45 отсто од приходите!
