ФОКУС НА ДЕНОТ: Неизвесно кој ќе го замени Спасовски, ВМРО-ДПМНЕ предложи три жени за техничката Влада
ВМРО-ДПМНЕ за нов технички министер за труд и социјална политика ја предложи Рашела Мизрахи, инаку доктор на науки по биохемија на Универзитетот Бар Илан во Израел. Таа наедно била и Асистент на катедрата за Физиологија при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Скопје.
Предлог за заменик министер за финансии ќе биде Гордана Димитриеска Кочоска, која е магистер по економски науки на Универзитетот Св Кирил и Методиј, а моментално работи во приватна компанија како финансиски консултант во областа на контролинг и финансии. Работела заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога тој бил генерален директор на АД ЕСМ.
За нов заменик министер за земјоделие ќе биде предложен Цветан Трипуновски, поранешен пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој веќе е познат во јавноста со своите критики за земјоделските политики на актуелната власт. Тој е поранешен советник во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а претходно од 2015та до 2017та година бил директор на Државниот земјоделски инспекторат.
По две и половина години министерување во еден од најзначајните ресори во државата, Оливер Спасовски си заминува од таму, за на трети јануари да седне на челното место на преодната Влада како технички премиер. Неговиот наследник во МВР засега останува непознатица, откако СДСМ го одби предлогот на опозциската ВМРО-ДПМНЕ - полковникот во АРМ, Драган Ковачки, да биде технички министер за внатрешни работи.
Од владејачката партија изјавија дека предлогот е неуставен, и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, треба да даде нов. Се повикуваат на членот 97 од Уставот, а тој гласи дека на чело на МВР мора да застане цивилно лице, кое најмлаку три години не е во унифоирма. Партијата на премиерот Зоран Заев, како што нагласија, и натаму останува отворена за наоѓање прифатливо решение, со кое нема да се крши Уставот. Сметаат дека има доволно време до трети јануари да се постигне согласност за ново име.
Уапсени се петмина вработени во Општина Тетово, а полицијата трага по член на Судскиот совет.
Со лажни документи легализирал непостоечки објект, а потоа го откупил и државното земјиште. Зоран Теофиловски, член на Судскиот совет е осомничен за злоупотреба на службената положба. Истрагата на Обвинителството, покажала дека Теофиловски измамата ја направил во 2011-та во период кога бил претседател на спортско здружение во Тетово.
„Поднесувајќи лажни докази, започнал постапка за легализација. Кон барањето за утврдување правен статус на непостоечки објект, до општина Тетово, приложил нотарски заверена изјава со која лажно изјавил дека станува збор за објект изграден во 1995 година, а приложил и геодетски елаборат“, стои во известувањето од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Објавени снимки од куќата во која српскиот педофил Нинослав Јованович ја чувал 12 годишната Моника Каримановиќ.
Куќата во селото Пасјач, останува запечатена од полицијата.
Не се чувствува како херој, но Емил Живиќ од Ниш е човекот кој ја спаси дванаесетгодишната Моника Каримановиќ, која ја грабна Нинослав Ковановиќ, познат како „Малчанскиот бербер“.
Моника беше најдена по девет дена интензивна полициска потрага. Тој во својата викендица во селото Пасјача ја пронајде Моника.
Се плашел, но мило му е што детето е пронајдено.
Насилството секогаш зема поголем замав во предизборните циклуси во Македонија, вели Владо Димовски, пензиониран наставник и Секретар на Центарот за толеранција и доживотно учење.
Во последните неколку месеци имаше повеќе случаи на насилство во училиштата, врсничко, но и инциденти со етнички предзнак во училиштето „Лирија“ во Тетово.
Со години, Божидар Јанковски, познат како Бобо Дајнерс, директорот на „Diners Club International„ за Македонија, важи за еден од најдобро облечените мажи кај нас. И тука нема компромис! Единствен е во стилот.Вели дека нема задршка да каже се што мисли и дека сето тоа јасно им го кажува и на бизнисмените кои ги застапува, но и на политичарите со кои е упатен да комуницира кога тие бараат да го слушнат мислењето на бизнисот. Не секогаш нивните ставови биле приоритетни, но за Стопанската комора, најбројната комора на стопанственици, самиот Бранко Азески вели дека сосем ги надминала детските болести.
