Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Не стивнуваат реакциите за пресудите за „крвавиот четврток“, убиецот од Нов Зеланд на суд

ФОКУС НА ДЕНОТ: Не стивнуваат реакциите за пресудите за „крвавиот четврток“, убиецот од Нов Зеланд на суд

Екс директорот на БЈБ Митко Чавков најави тужба по пресудата која му беше прочитана вчера и согласно која доби осумнаесет години затвор за случајот 27 април.

Чавков заедно со останатите осудени е во притвор а на социјалните мрежи тој вели дека обвинението е неосновано и казната е драконска.

Пријателу мој, твоето злосторство се состои само во тоа што моите деца сѐ уште ја имаат можноста да ме викаат татко, и јас да можам да им одговорам. Ти „згреши” што ми го зачува животот. Oва го напиша лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села по денешната пресуда од 7 години затвор за Абдулфета Алими, еден од осудените во случајот за собраниските настани од 27 април.

На една седенка со Фета, тој ми рече: Не се вознемирувам многу заради казната, колку што се вознемирувам заради фактот што ме ставаат во иста вреќа со криминалците…

Опозицијата со нови обвинувања кон власта. Овој пат на тапет се најдоа судството и судијката Кацарска.

Преку соопштение до медиумите од ВМРО ДПМНЕ денес соопштуваат дека Македонија е заробена држава.

„Заробена од заевизмот, систем на владеење кој ја укина правната држава и владеењето на правото во Македонија. Мафијашкото владеење на Зоран Заев и неговиот клан се базира врз политичкиот прогон на сите кои мислат поинаку. Оние кои први го кренаа гласот против оваа одродена и криминална власт, станаа првите жртви на нејзиното владеење“, соопштуваат од опозицијата.

Од ВМРО ДПМНЕ и потенцираат дека Кацарска судството и обвинителството се симболи на заевизмот.

28 годишниот Брентон Тарант, кој е осомничен дека стои зад убиството на 49 луѓе во џамиите во Нов Зеланд, утринава се појави пред судот.

По кратко сослушување одреден му е притвор до следното судење закажано за  4-ти април.

И покрај силното полициско обезбедување се случи инцидент кога непознат маж се обидел да влезе во судот во Крајстчрч, наводно сакал да го нападне и со нож да го избоде терористот. Според Би-би-си на тамошните новинари неидентификуваниот маж им го покажал ножот што го имал со себе, а кога е спречен во намерата, признал дека имал намера да влезе и да го убие Тарант.

Слично

Поврзани вести