Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Намалена казната за Јанкулоска, Мијалков доби домашен притвор

ФОКУС НА ДЕНОТ: Намалена казната за Јанкулоска, Мијалков доби домашен притвор

Поранешната министерка Гордана Јанкулоска наместо шест доби четири години затворска казна.

Ова станува јасно од денешната одлука на Аеплациониот суд кој делумно ги уважил жалбите на Јанкулоска за случајот „Тенк“ .

Во соопштението од судот стои дека се приначува првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја  осуди на казна затвор во траење од 4 (четири) години.

Судијката Добрила Кацарска ја осуди поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на шест години затвор за набавката на луксузниот „мерцедес“ во одвоената постапка што за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков излегува од затворот во Шуто Оризари и оди во куќен притвор, откако Апелациониот суд Скопје му ја уважи жалбата по предметот „Титаник 2“.

Во меѓувреме, Врховниот суд не му ја разгледал жалбата за укинување на мерката куќен притвор во истрагата за предметот „Империја“.

63 годишен кавадарчанец почина поради компликации од грип. Тој е 23-тата жртва на грипот оваа сезона. Починал минатата недела на Клиниката за инфективни болести поради компликации од вирусот, а имал и хронични заболувања. 

Податоците од Институтот за јавно здравје, покажуваат дека оваа сезона има повеќе од 20.000 заболени од грип. Најголем број на случаи се регистрирани во Скопје, Струмица и Кавадарци.

ЕУ и САД се сложуваат дека капацитетите и независноста на Специјалното јавно обвинителство треба да биде осигурана. 

Ваков став соопшти Амбасадата на САД во Скопје, откако претходно денеска се огласи Делегацијата на ЕУ во Скопје.

„Јавното обвинителство и Специјалното јавно обвинителство се клучни за напорите на Северна Македонија за гонење и борба против корупцијата и за враќање на довербата на јавноста во независен правосуден систем. САД се сложуваат со Делегацијата на ЕУ дека нивните капацитети и независност треба да бидат осигурани“, информираше Американската амбасада.

Делегацијата на ЕУ соопшти дека е од огромна важност СЈО да продолжи со гонењето на оние кои се одговорни, на сторителите, и тоа да го прави на професионален начин и независно.

Слично

Поврзани вести