ФОКУС НА ДЕНОТ: Наќе Чулев ќе седне во фотелјата на Спасовски, се зголеми лимитот за плаќање во кеш
Наќе Чулев ќе биде предложениот кандидат за заменик на министерот Оливер Спасовски, според информации на Фактор.
ВМРО-ДПМНЕ го предлага Наќе Чулев, професионалец од Агенција за разузнавање како нов предлог за прв човек во МВР.
Тој е со богато искуство од областа на безбедносната политика и прашањата од Министерството за внатрешни работи.
Чулев е професионалец кој работи во Агенцијата за разузнавање, а по вокација е дипломиран криминалист со постипломски студии по мир и развој, на Институт за одбранбени и мировни студии, при Филозофски Факултет на Универзитетот Св Кирил и Методиј Скопје.
Има завршено обуки и доусовршувања во Велика Британија, Германија, Бугарија и други европски држави.
Oд СДСМ велат дека е прифатлив предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев да биде технички министер во Министерството за внатрешни работи.
Додаваат дека Чулев не е униформирано лице и против него нема покренато обвиненија, со што се исполнети уставните критериуми.
„Со тоа се исполнети условите предлогот да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна влада која треба да ги спроведе изборите на 12 април“, соопштија од СДСМ.
Техничката влада во Собранието ќе се гласа утре.
Новото законско решение за амбасадори, во иднина ќе ја штити дипломатската служба, тврди премиерот Заев.
Тој преку Фејсбук статус пишува дека е предложено ново законско решение за амбасадори, кое ќе им дава предност на кариерните дипломати.
„Од 2017 досега 87,5 проценти од лицата кои се именувани за амбасадори се кариерни дипломати, 35 од нив се професионални, а само пет се политички решенија. За споредба во периодот 2006-2017 година, соодносот помеѓу професионалните и политичките решенија бил 42,3 отсто, или во реалноста 33 кариерни (седум вработени непосредно пред испраќање) и дури 45 политички решенија“, напиша Заев на Фејсбук.
Нина Ангеловска, министерката за финансии, на денешната прес-конференција рече дека зголемувањето на лимитот на плажање во кеш од 500 евра на 3.000 евра е одлука на пратениците во Собранието, а не на нејзиниот ресор. Сепак, правдајќи се, рече дека плажање готовиснки до 30.000 денари би можежп, како што вели таа, дополнително да ја разгори сивата економија иако целта би била токму спротивното.
Плаќањето во кеш минатата година беше намалено од 1.000 на 500 евра, но пратениците предновогодишно и по скратена постапка си ги изгласаа измените на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, со кој лимитот се крева на 3.000 евра.
Пу Пу не важи. Откако во јуни годинава лимитот за плаќање во кеш се намали од 1.000 на 500 евра, многу брзо тој праг не само што ќе се зголеми, туку и ќе рипне неколкукратно, на дури 3.000 евра.
На 27 декември, кога сите беа зафатени со предновогодишни коктели, пратениците речиси „инкогнито“ и по скратена постапка си ги изгласале измените на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, со кој лимитот се крева на 3.000 евра.
„Во Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам („Службен весник на Република Македонија“ број 120/18), во член 182 по ставот (2) се додава нов став (3) кој гласи: „(3) Со влегувањето во сила на овој закон забраната за плаќање со готовина на стоки и услуги од членот 48 од овој закон, ќе се однесува на готовински плаќања, во износ од 3.000 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги“, се вели во законските измени.
Таа е најдобра реклама за семејната фирма „Виталиа“ , лидер во Македонија во однос на здравата исхрана и новитети кои не доближуваат до светот. Искра Ветаџокоска-Муцунска (48) е атрактивна, вита, љубезна, пријатна за разговор и дружење, со задоволство виден гостин на случувањата низ Скопје, бизнисменка која и приватно ги живее вредностите на брендот.Бранимир Јовановиќ, поранешен советник на екс министерот за финансии Драган Тевдовски, во чие време беше донесен законот со кој плаќањата во кеш се ограничија на 500 евра, најновото гласање на законски измени со кои лимитот се качува на дури 3.000 евра, го смета за лицемерие од страна на новата министерка за финансии Нина Ангеловска, која постојано декларативно кажува дека се залага за намалување на сивата економија.
За Фактор, Јовановиќ вели дека мерката за ограничување на плаќањата била најзначајна за борба против сивата економија.
