ФОКУС НА ДЕНОТ: Морбили за невакцинирани, барања за глас, а пари на банкомат
Да се тргне зборот „македонско“ за граѓаните Албанци во делот за државјанството - ова е условот кој го поставува Движењето Беса, потврдуваат оттаму, ден по средбата на Касами и премиерот Зоран Заев. Засега ова не е целосно прифатливо за премиерот, но до почетокот на собраниската расправа е дозволено пратениците да поднесуваат амадмани на амандманите.
Груевски имал капче и шал преку лицето, а веднаш откако извадил пари со телефон се јавил и по него дошол џип со затемнети стакла. Објавена е нова фотографија од поранешниот премиер Никола Груевски од Будимпешта на која с еглед акако вади пари од банкомат.
Нема нови случаи на морбили, а тие кои се заразени се во стабилна состојба, информираат од Министерството за здравство. Денеска е намален и интересот за вакцинирање, а деновиве вакцинирани се околу илјада деца.
Утре е Бадник. На тој ден се подготвува бадникова вечера за која се подготвуваат посни јадења. Има некои верувања според кои на трпезата се ставаат непарен број јадења.
