Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Милошоски пушти „бомба“ за телевизијата на Боки, се бара разрешување на Мизрахи

ФОКУС НА ДЕНОТ: Милошоски пушти „бомба“ за телевизијата на Боки, се бара разрешување на Мизрахи

Пред пратениците во Комисијата за европски прашања, пратеникот Антонио Милошоски пушти аудио запис, во кој, според него, се слуша глас на лице со иницијали З.З. (алудирајќи на  поранешниот премиерот Зоран Заев), кој разговара со друго лице за обвинетиот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13.

„Овој транскрипт фрла мала светлина, за тоа кој навистина сака скриена амнестија и зошто, зошто никој не сака нелегално снимени разговори да бидат докази во судските постапки“, рече Милошоски пред пратениците.

Милошоски рече дека снимката ја добил од свиркач, кој го замолил да се објави со цел јавноста да биде запознаена со неправдите.

„Mу требаат пари во телевизијата и само прави комбинации“

„Го прашав, oд каде парите за телевизијата, ми рече од Хрватска, но главно од Циле, (Силјан Мицевски) за старечките домови“, 

Го прашав Боки бе од каде бе тие парите за телевизијата, ми вика имав еден фраер од Хрватска и од Циле, (Силјан Мицевски) што му легнаа пари тогаш за тоа старечките домови“.

Иако првично Владата реши да и се даде уште една шанса на министерката во преодната влада Мизрахи која дојде на местото на Мила Царовска, сепак, по непочитувањето на Законите и Уставот, премиерот Спасовски сепак реши да нара нејзино разрешување од функцијата.

Тој до Собранието го испратил предлогот за смена на Рашела Мизрахи која во последните неколку дена и водеше инает на владата со таблата со старото име на државата, но и праќаше директни провокации кон соседна Грција од каде дојде и вербална нота за непочитување на Преспанскиот договор.

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска – 12 февруари 2020 година, среда, го потпиша Указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.

Препукувањата околу проблемот со личните карти и пасошите не престануваат да ја брануваат јавноста.

Токму оваа тематика денеска беше причина за обвинувања меѓу техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев и премиерот Оливер Спасовски.

Собранискиот спикер Талат Џафери не ја закажал седницата за распуштање на Собранието, поради што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави повеќе не гледа причина опозициските пратеници да учествуваат во работата на Парламентот.

Грците ги разбесни фактот дека министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во биографијата навел во графата за државјанство Република Македонија. 

Чулев веќе имал средба со амбасадорот откако имало вербалната нота од јужниот сосед. 

Кон домашните кредитори, односно банките и фондовите, државата денеска треба да се раздолжи за 32,5 милиони евра. Тоа е наведено во Календарот на Министерството за финансии.

Бесплатна сала за венчавање, паричен надомест за секое новороденче, надомест за секое прваче кое од септември ќе тргне на училиште, се мерки кои Општина Делчево ги реализира со цел да им помогне и да им го олесни животот на граѓаните.

Кога инвеститорите ги разгледуваат финансиските извештаји на компаниите, обично секогаш се земаат во предвид три фактори. Тоа се заработки по акции (eng. заработки по акција, односно скратено EPS), остварени приходи и прогнози на аналитичарите.

Дали е Македонија царство на казина, слот машини и автомати за коцкање, станува ли мека за интернет коцкање? Коцкарските компании во земјава (регистрирани како големи и средни фирми) во 2018 година направиле приходи кои надминуваат 210 милиони евра. 

Помалку време за документи кои граѓаните ги добиваат од државните институции, брзо потпишување и одобрување на барања во комуникацијата со приватните компании и банките, се дел од бенефитите кои ќе овозможи проектот за инсталација на современа технологија за дигитален идентитет. 

Слично

Поврзани вести