ФОКУС НА ДЕНОТ: Македонија под снег, за две недели ќе бидеме Северна Македонија, Заев вети 500 евра плата
Снег има во цела Македонија, што го попречува сообраќајот.
Општина Сопиште е отсечена од Скопје по обилните врнежи на снег, поради кој жителите не можат да се движат кон градот. Автобусите не одат кон Сопиште, Св. Петка, Добри Дол и Соње заради тоа што не е исчистен патот од Припор кон овие места.
Покрај снегот, пријавен е и дефект на двете возила за расчистување на снегот кои ги има општината Кисела Вода а со кои инаку се расчистува патот.Нашата земја ќе стане Република Северна Македонија за околу две недели. За толкав временски период според процедурата треба да стапи на сила Договорот од Преспа.
Парламентот во Грција вчера со 153 гласа „за“ го ратификуваше овој Договор, со кој се става крај на 27-годишниот спор за името помеѓу двете земји.Премиерот Зоран Заев на отворањето на владината кампања „Силна економија, шанса за сите“ во Велес изјави дека е сигурен дека во рамките на неговиот мандат како шеф на Владата ќе го исполни ветувањето од 500 евра просечна плата во Македонија.
- Железни опинци ќе облечам ама просечна плата од 500 евра мора да има. Ќе се фатиме за работа, ќе засукаме ракави и, како што вели канцеларката Ангела Меркел, ќе почнеме со „арбајтен“. Оваа година ќе има уште едно зголемување на минималната плата, а очекувам и побр развој со членството на Македонија во НАТО - рече Заев на трибината.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека плата од 500 евра нема, како што нема почист воздух, а премиерот Зоран Заев според нив ги повторува истите лаги, и народот повеќе не му верува.
Велат дека Заев ја урнисал економијата.Премиерот Алексис Ципрас има рече на пратениците на Комунистичката партија (ККЕ) во Парламентот на, како што кажа тој, „славомакедонскиот буквар што комунистите го делеа во Ташкент на децата на славомакедонските борци на ДАГ, 70-те илјади бегалци од Граѓанската војна и на Славомакедонката Мирка Гинова, првата жена стрелана во Граѓанската војна во Грција“.
