ФОКУС НА ДЕНОТ: Maкедонија може да влезе во политичка криза, Шилегов објави скандалозни материјали за Дрисла
Земјата влегува во неизвесен период.
Доколку не се распушти Собранието, Македонија ќе влезе во нова криза.
Ова е ставот на претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој го обвини лидерот на СДСМ Зоран Заев дека бега од избори.
Мицкоски инсистира Собранието да се распушти на 12 февруари.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски повика да надвладее разумот и да се донесе Законот за јавно обвинителство.
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов објави скандалозни материјали дека во Дрисла се носел медицински отпад кој не бил соодветно термички обработен.
„Пред две недели ветив овде дека јас лично и Градот Скопје по преземањето на Дрисла од 20 јануари стоиме позади законитото работење на оваа депонија. Нема да има компромиси за потенцијалните опасности за здравјето на луѓето“, рече Шилегов.
Според него, Градот Скопје пред 50 дена дошол до сериозни докази за злоупотреба во менаџирањето со отпадот на територијата на градот, за што благовремено биле известени надлежните институции.
Од Градот ги презентираа вознемирувачките докази со серија видеа и фотографии.
Со новата методологија на ЕУ и земјите-членки ќе можат да ги суспендираат преговорите за членство.
Но, екстремен случај преговарите ќе бидат ставени во мирување.
Од реализирањето на реформите ќе зависи темпото на преговорите. Ова е дел од новата методологија која утре ќе да ја објави Европската комисија.
Утврден е колективниот договор со кој на државната администрација се враќа К-15.
Ова е одлука од 6-тата седница на Владата.
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција предложи имиња на шест експерти од кои очекува да го состават предлог-законското решение за Јавното обвинителство.
Две професорски имиња се Гордана Силјановска Давкова и Татјана Каракамишева, а преостанатите се Владо Камбовски, Никола Тупанчевски, Гордан Калајџиев и Гордана Лажетиќ.
Македонските жени кои живеат во руралните средини не се гледаат себеси во претприемачки води.
Ова го покажа истражување направено во Пелагонискиот регион.
Граѓански активисти ја поведоа иницијативата за создавање на „Коалиција на иднината“ чија главна цел ќе биде оформување на нов „Зелен договор“, за Македонија да се приклучи на светските движења за целосна трансформација на енергијата која повеќе нема да зависи од фосилните горива.Многу гламур за малку профит. Финансиски гледано, секој аналитичар вака би ги опишал бизнисите на најпрочуените скопски фризери и стилисти луѓето што ги слави целата домашна естрада.
Во нејзината тридецениска судска кариера, никогаш ниту еден политичар или премиер не си дозволил да и се јави и да “ургира“ за некој случај. Во јавноста е препознаена како професионална, непоколеблива, храбра и праведна судијка.
Според последните информации, Светското фудбалско првенство на непризнаени држави што го организира КОНИФА нема да се одржува на националната арена „Тоше Проески“, но ќе им претставува трн во окото на странските дипломати и натаму затоа што натпреварите ќе се играат на други стадиони во Македонија.
