Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Македонија гласа во втор круг, за доаѓањето на Папата ова не смеете да го правите

ФОКУС НА ДЕНОТ: Македонија гласа во втор круг, за доаѓањето на Папата ова не смеете да го правите

Изборен молк е а денеска гласаа болните и изнемоштени лица, затворениците како и иселениците. Од Државната изборна комисија сооптија дека до 17 часот излезеност била поголема од првиот круг кај иселениците. 

До 17 часот гласале 37,5 отсто гласачи го оствариле правото во дипломатско конзуларните претставништва.

Најголем процент на излезеност според привичните информации ДИК бележи во Сараево, Брисел и Прага.

Скопје во вторник ќе ги отвори вратоте за светиот отец. Во историска посета на Македонија доаѓа папата Франциск а правилата на однесување на 7 мај ќе бидат многу строги.

Она што треба да го знаете пред се е дека од дома тој ден не смеете да излезете без лична карта или пасош. За време на минувањето на папата меѓу верниците  не е дозволено фрлање на какви било предмети дури ни цвеќе, а во текот на литургиската прослава не е дозволено ракоплескање. 

Доколку временските услови пак донесат врнежи тогаш имајте на ум дека чадор не смеете да понесете. Затоа пак мантилот е дозволен за време на литургиската прослава.

Во зоната ќе се пристапува преку 9 влезови на кои МВР ќе врши безбедносна проверка на сите граѓани, како и проверка на лична карти или пасош. А единствените влезови во кои ќе се пропуштаат граѓаните кои ќе се упатуваат кон Плоштадот „Македонија“ читајте ги тука.


Ако сеуште барате билет за литургијата со папата на плоштад еве од каде да си земете утре

Скопје дишеше во духот на маратонот.

На годинашниот „Визер скопски маратон“ имаше рекордна бројка од 12.500 учесници, од кои поголемиот дел во трката на 5 километри.- сите детали читајте ги тука.


Слично

Поврзани вести