ФОКУС НА ДЕНОТ: Maкедонци во карантин во Јапонија, во суд беа презентирани пораки кои ги праќал Боки на Ременски
Министерството за надворешни работи потврди дека тројца македонски државјани се задржани на брод во Јапонија, поради присуство на коронавирусот.
Министерството за надворешни продолжува со редовното следење на состојбата во врска со ширењето на коронавирусот и мерките што се преземаат за негово сузбивање.
Бродот е задржан близу Јокохама, Јапонија. Досега на бродот се потврдени 20 лица кај кои е пронајден овој вирус.
Граѓаните на Македонија кои се наоѓаат во Јапонија, за подетални информации околу развојот на состојбите можат да се обратат во македонската амбасада во Токио.
Пораки од телефонот на Бојан Јовановски, беа презентирани денеска во рамки на доказната постапка за случајот „Рекет“. Комуницирал со сведокот во овој случај Орце Камчев, со пратеничката Фросина Ременски, со Дејан Панделески, син на сопственикот на Пелистерка, со Катица Јанева. Во пораките, реализирани најмногу преку whats up се зборува за судења, за развој на настаните во случаите кои СЈО ги водеше, но и за бројки, суми.На денешното судско рочиште за случајот „Рекет“ се презентираа фискални сметки како материјални докази од трошењето на обвинетиот Бојан Јовановски.
Беа покажани повеќе од 20 сметки од 2019 година за купена облека од Боки 13 од брендирани бутици во Италија.
Најголемите сметки поединечно се по околу 9.000 евра, а најмалите од околу 300.. Вкупниот износ е 148.000 евра. Оваа сума била потрошена за три дена.
Агим Красниќи, осуденикот познат по тоа што подготвуваше напад на Скопје, не се пријавил во затвор Штип по викенд отсуството и официјално во сите надлежни институции сега се води како бегалец.Полициски службеници се повикани во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за да дадат исказ за смимката поврзана со случајот „Поткуп“.
Од Јавното обвинителство не потврдуваат за какво дело станува збор и велат дека се работи за предистражна постапка и дека полициските службеници се приведени на разговор, а не се уапсени.
Младата Марија Брзакова која е исчезната веќе 19 дена, имала семејни проблеми додека живеела во Швајцарија, каде што повеќе години работела во Пензионерски дом, и од каде се вратила во Македонија во септември минатата година, говори анонимно за Фактор преку допис по електронска пошта нејзина долгогодишна колешка и пријателка.Минатонеделниот обид за „огнено крштевање“ на мобилната лабораторија за испитување на хемиските вредности на нафтените деривати помина неславно без да ги направи првите испитувања кај трговците за тоа каков квалитет на гориво нудат трговците.
Градот чиј синоним во неговата понова историја е РИК „Силекс“ и неговиот долгогодишен директор и мнозински сопственик Љубисав Иванов Ѕинго, последниве години опстојува во скромен економски амбиент.
Административците кои седат дома нема да добијат К-15.
Годишен регрес нема да добијат ниту административците кои беа вработени според Рамковниот договор, а кои сè уште не се распределени и седат дома.
