Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Маглата не задуши, амнестија за без качулка, точете горива по полноќ

ФОКУС НА ДЕНОТ: Маглата не задуши, амнестија за без качулка, точете горива по полноќ

Се разбудивме но очигледно и цел ден го поминавме обиколени од магла и смог.

Се изнадишавме отровни честици за без пари а належните уште му се молат на ветрот да дувне и да го растера загадениот воздух.

Вонредни мерки ќе стапат на сила само ако до утре не ни се смилува природата.

Цел град се гуши во смог, а патент кој растерува магла за 15 минути 18 години ни стои во фиоки

Амнестија бидејќи не носел качулка на глава и орижје со себе побара екс вработениот во УБК Александар Василевски - Нинџа. 

Заедно со пратеникот Сашо Василевски и тие бараат амнестија како дел од толпата обвинети за крвавиот четврток. Рокот за поднесување барање за амнестија изминува утре а досега само десетмина не поднеле барање до судечкиот совет.

Пред јавноста ретерираше привот финансиер кој кажа дека успеал да го стабилизира јавниот долг. Во најава Драган Тевдовски кажа дека е и фискален совет како дел од  реформи во фискалната сфера во земјава.

Јавниот долг стабилен, годинава нови задолжувања: Ќе има ли фискален совет

Од ноќеска на полноќ ќе се точат и поевтини горива. Регулаторна реши предновогодишно да ги израдува граѓаните и за само половина денар по литар да ги намали цените на бензините и дизелот.

Детално цените може да ги видите тука.

Слично

Поврзани вести